Реклама

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Македонија

Целосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во Илинден

Општина Илинден целосно го реконструираше мултинаменското спортско игралиште во населба Илинден, при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден целосно го реконструираше мултинаменското спортско игралиште во населба Илинден, при ПООУ „Гоце Делчев“, со што е создаден современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.

Општината информира дека е поставена нова подлога од ПП-плочки, наменета за играње кошарка и фудбал, четири нови метални кошаркарски обрачи со мрежи, како и нова пластифицирана и заштитна мрежа од коноп. Дополнително, околу спортското игралиште е заменета заштитната ограда, со што е обезбедена поголема сигурност, подобра заштита на спортскиот простор и дополнително унапредување на неговата функционалност.

-Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот истакна дека со целосната реконструкција, некогашниот спортски терен е трансформиран во модерен и уреден спортско-рекреативен простор, кој ќе им овозможи на учениците од ПООУ „Гоце Делчев“, како и на сите граѓани, квалитетни услови за спортување, физичка активност и активно поминување на слободното време, соопшти Општина Илинден.

Реклама

Посочува и дека ќе продолжи постојано да вложува во уредување и осовременување на јавните простори, со посебен акцент на создавање безбедна, современа и функционална средина за целата локална заедница.