Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Бутел добива мега парк од 50.000 квадратни метри – ново зелено срце на општината

Бутел добива нов голем зелен простор на површина од 50.000 квадратни метри,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бутел добива нов голем зелен простор на површина од 50.000 квадратни метри, на локација долж булеварот Христијан Тодоровски-Карпош.

Според објавата на Фејсбук на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, просторот кој со години бил запуштен и користен како депонија се трансформира во модерен и функционален парк.

Првиот дел од проектот, со површина од 8.000 квадратни метри, е речиси целосно завршен. Предвидени се зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес-зони и содржини наменети за различни генерации.

Реклама

Паралелно продолжува уредувањето на вториот дел од паркот, кој зафаќа дополнителни 42.000 квадратни метри. Целиот простор треба да биде хортикултурно и содржински уреден.

Како дел од проектот е предвиден и сопствен систем за наводнување со техничка вода, со цел одржливо одржување на зелените површини.

Од Град Скопје посочуваат дека зголемувањето на зелените површини придонесува за почист воздух, намалување на урбаната жештина и подобар квалитет на живот.

-Бутел добива ново зелено срце. Скопје добива уште едно место за гордост- се наведува во објавата на Ѓорѓиевски.