Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

„Булмак 2016“: Неточни и невистинити се информациите објавени вчера и денес во неколку медиуми, а поврзани со рудникот Тораница

Управата на рудниците Злетово и Тораница, компанијата „Булмак 2016“, најостро ги демантира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата на рудниците Злетово и Тораница, компанијата „Булмак 2016“, најостро ги демантира и отфрла како целосно неточни објавите во дел од медиумите дека наводно се случил еколошки инцидент во рудникот Тораница, се наведува во соопштението од  „Булмак 2016“.

Станува збор за невистинити и неточни информации, а дел од медиумите без никакви докази ја објавуваат и пренесуваат измислената информација за наводен еколошки инцидент.

Прво, веста дека е предизвикан еколошки инцидент е апсолутно невистинита. Најодговорно тврдиме дека не постои никакво истекување, инцидент или било каков еколошки прекршок што би можел да ја загрози животната средина или водите на Крива Река. Производствениот процес се одвива под континуиран надзор на стручните служби и во целосна согласност со А-интегрираната еколошка дозвола и важечката регулатива.

Реклама

Второ, со оглед дека објавените содржини се темелат на невистини и предизвикуваат неоснована вознемиреност во јавноста, а истовремено нанесуваат сериозна штета на угледот и деловниот интегритет на компанијата, бараме веднаш да бидат повлечени сите објави со невистинити информации, како и да се објави јавно извинување и исправка на ист начин и на истото место каде што беа пласирани лажните тврдења.

Трето, „Булмак 2016“ повторно ја реафирмира својата посветеност на транспарентна соработка со сите медиуми, стоејќи на располагање за секое прашање од јавен интерес. Истовремено, како општествено одговорна компанија која се придржува до највисоки стандарди, нема да дозволиме да бидеме вовлечени во некоректни партиски пресметки и политички манипулации во пресрет на изборите.

Изразуваме жалење бидејќи ниту еден медиум досега не се обрати и не побара информации од нас како засегната страна.

Ги повикуваме медиумите да не објавуваат непроверени информации и да се воздржат од пренесување на наводи кои се измислени, а кои предизвикуваат забуна кај граѓаните и непотребна штета на нашиот колектив, вработени и локалната заедница.

„Булмак 2016“ ќе ги искористи сите законски и правни механизми доколку неточните информации не бидат повлечени и доколку не следи јавно извинување

— како од медиумите што ги објавија, така и од политичките субјекти кои тенденциозно се обидуваат да ја злоупотребат темата за дневнополитички цели.

Компанијата останува цврсто посветена на еколошката одговорност, законитоста и почитувањето на јавноста со која дели ист простор и ќе продолжи да ја гради довербата преку факти, а не преку манипулации.

„Булмак 2016“ останува посветена на транспарентност, законитост и одговорно работење во интерес на заедниците каде што функционира.