Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Бугарскиот историчар Ангел Димитров: Не знам, не знам, ништо не знам…

Не знам, не знам, ништо не знам. Ова е одговорот на Ангел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не знам, не знам, ништо не знам. Ова е одговорот на Ангел Димитров шефот на бугарскиот дел за очекувањата од средбата со новата историска комисија од македонска страна и бугарските историчари. Димитров не можел да говори каков резултат ќе има средбата бидејќи не ги познавал новите членови на Комисијата, се познавал само со првиот човек Ванчо Ѓоргиев.

  • „Не знам, не знам, ништо не знам… Не, не ги познавам. Претседателот го знаеме, но тоа не е доволно, Комисијата е од седум члена. Ви кажав дека не знам, ќе ви кажам после средбата, сега не знам“ изјави Ангел Димитров – копретседател на историската комисија.

Македонија има нова историска комисија, предводена од универзитетскиот професор Ванчо Ѓоргиев. Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав кажа дека е не може пред време да се кажуваат очекувања од средбата, но вели оптимист е дека доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата, можно е да има напредок во разговорител.

  • „ Ќе видиме како понатаму ќе се делува. Она што е охрабрувачки е фактот дека како тим на историчари сме оставени слободно да ги изразуваме своите ставови и своите научни гледишта. Впрочем, со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имавме протоколарна средба на која беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување“ рече Митко Панов – Член на историската комисија.

Нов претседател на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај него челнови се Митко Панов, Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.  

Реклама

Оваа средба доаѓа по шест месеци, претходно историчарите се сретнаа во мај во Софија, кога македонскиот дел од комисијата го водеше Драги Ѓоргиев.

Матеја Петровски