Со 1000 евра до бугарски пасош. На само 4,5 километри воздушно од границата со Македонија, во Острени – Албанија, многу лесно може да се дојде до потврда за бугарско потекло, отктрива албански топ ченал. Во емисијата позната по откривање на афери и скандали со тајно снимање новинарот докажа колку е лесно да се купи документ со кој се станува Бугарин. Ниовинарот за само неколку часа откако платил добил две такви потврди од администраторот на општинската единица Острен.
Дел од тајно снимениот разговор:
Службеник: Сега 50 илјади лека (стари лека) ти е уверението и уште 35 илјади тоа нотарското. Види што ти кажува братот. За мене ако сакаш земи ги. Дали ме слушаш, да не речеш после ги земав со лека.

Новинар: Не јас доаѓам од другата страна. Само да ја раситнам 50-ката. Имаш ли ти да ми раситнеш или да одам на друго место?
…..
Новинар:85?
Службеник: 10 илјади лека (стари) ако имаш (за кусурот)
…
Службеник: Оди напиј се едно кафе дур дојде господинот (службеникот) затоа што уште не е дојден. Доаѓа после 9 – 9:15. Ќе ти спремам се, ќе ставам печат кај него и кај мене ќе го земеш документот. Важи? Оди ти напиј се едно кафе. Со ова јас ќе завршам работа тука. На ова ќе ставам печат кај службеникот и ќе ти биде спремно за во Амбасада.
Новинар: Кај службеникот треба..
Службеник: Не треба ништо, не се секирај.
…………..
Службеник: Оди право кај службеникот (во Булчица), нека ти стави печат и готов си. Таму во нова Булќиза.
Новинар: А овој нотарски документ треба на него да му го дадам?
Службеник: Не не, завршив јас работи, оди ти.
Новинар: Ми рекоа дека дошол Луан, дали треба потпис тука?
-Заврши Луан човеку, ти стави печат. Не гледаш ли? Со потпис, со печат се ти е завршено. Ти завршив јас работа кај Луан.
Новинар: Океј океј.
Службеник: Ти стави Луан печат.
Новинар: А фотокопија од тој нотарот треба или не?
Службеник: Немаш потреба од тоа.
Како што може да се заклучи од видеото, уверенијата ги добиваат со фотокопии од некакви документи, на жител на Патос – град во кој има голем број Македонци. Како доказ, тој доставува документи дека неговите баба и дедо се од Управната единица Требиште –од областа Голо Брдо, на самата граница со Македонија. Втората потврда ја добива жител од селото Стеблева, со документи дека неговата баба е од истото село, а дедото од Либражд. Потеклото на двете семејства немало никаква врска со Управната единица Острен. Вработениот во општината за документот побарал 85.000 леќи, 50 илјади за уверението, а останатите за нотарски услуги. Вработениот ги прима парите во државната канцеларија и за два часа го дава уверението потпишано и запечатено од администраторот.
Новинарот исто така објаснува дека, двата закони според кои наводно администраторот им издал потврди за припадност на бугарското малцинство, не дозволуваат, административен службеник, да може да издава потврди за етничко потекло. Со вакви уверенија албанските државјани “со бугарско потекло” платено илјада евра може да бараат бугарски државјанства и пасоши во Софија.
Инаку, во регионот каде се иззадават вакви документи, живеат и Горанци – односно Македонци, доселени од Гора, област на крајниот југозапад во Косово, блиску до границата со Македонија. Инаку, токму Бугарија спроведуваше агресивни активности за време на пописот во Албанија во областите каде што живеат Македонци.
И во Македонија лесно се доаѓа до бугарски пасош. А на социјалните мрежи скоро кружеа и огласи од посредници, кои за 650 евра ќе ви помогнат да дојдете до бугарско државјанство. Од 2010 до денес,па наваму, 84.786 бугарски пасоши се доделени на македонски граѓани.
