Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот

Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, и конечно, ќе инвестираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, и конечно, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот 8.

Претходно, Бугарија инсистираше ние први да го започнеме и завршиме нашиот дел од тунелот во планина на самата гранична линија, без никакви гаранции дека работата од нивна страна ќе биде завршена, што претставуваше сериозна дискрепанца во ставовите. Исто така, немаше конкретни бројки за нивната инвестиција,за која гледано од страна се имаше чувство дека пругата е „оставена на страна“ и без интерес од официјална Софија. Бројката од 1,5 милијарди го менува светогледот на Бугарија по ова прашање.

Бугарија денеска се согласи дека мора да се гради заеднички тунел. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов, на која била истакната неопходноста за изградба и модернизација на европските транспортни коридори, со посебен акцент на железничкиот и патниот Коридор 8, како предуслов до регионален економски развој и олеснување на транспортот и трговијата. До неодамна идеја и желба, од денеска обврска – двете држави ќе усогласат заеднички договор, кој ќе биде основа за изградба на тунелот кој директно ќе ја поврзе македонската и бугарската железничка мрежа.

Реклама

Потенцирајќи го прашањето за железничкото поврзување меѓу двете земји, двајцата соговорници нагласија дека овој проект има регионална димензија, каде покрај економското значење, се наметнува и прашањето за стратешкото позиционирање на НАТО Алијансата преку поврзување на Јадранското и Црното море. Двајцата соговорници се согласија за нова средба во периодот кој следи со цел заеднички да се усогласи текстот на Договорот со кој ќе се постигне согласност за изградба на заедничкиот тунел којшто треба да ги поврзе Македонија и Бугарија со што ќе се придвижат работите за реализација на железничкиот Коридор 8, наведуваат од Министерството за транспорт.

Исто така, толкувањето ан познавачите е дека станува евидентно дека до сега коридорот 8 беше заложник на политички прашања на источниот сосед, кој ја вмешуваше дневата политика во проектот и не сакаше да признае дека се работи за инженерски, а не политички проблем.

Се расчистуваат ли работите во Коридорот 8, останува да видиме во следниот период кога јасно ќе се види дали заложбите се само декларативни или ќе бидат спроведени во дело од бугарска страна. Македонската страна е далеку понапред во испораката на градежните активности, нешто што не може да се сокрие, инфраструктурните градби и проекти се гледаат од многу, многу далеку…