Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Брза реакција на професионален војник спречи ширење на пожарот на скопското Кале

Професионалниот припадник на Армијата Христијан Божиновски со навремена и пожртвувана реакција помогна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Професионалниот припадник на Армијата Христијан Божиновски со навремена и пожртвувана реакција помогна да се спречи ширење на пожар кој попладнево избувна под скопското Кале, при што беа опожарени повеќе паркирани возила. При интервенцијата, војникот се здобил со полесна повреда на раката, по што му била укажана соодветна медицинска помош, информираат од Армијата.

Професионалниот војник  при заминување од работното место, меѓу првите го забележал пожарот кој избувнал на улицата „Лазар Личеноски“, спроти Градскиот стадион. Оценувајќи дека постои опасност огнот да се прошири, веднаш алармирал и побарал поддршка од припадниците на Армијата кои ја извршувале службата на воениот стадион во Скопје.

-Проценувајќи ја сериозноста на ситуацијата и опасноста пожарот да се прошири врз останатите паркирани возила, војникот Божиновски веднаш стапил во контакт со командирот на воениот стадион во Скопје, барајќи поддршка за локализирање на огнот. Припадниците на Армијата кои ја извршувале должноста на воениот стадион во Скопје, веднаш пружале помош, употребувајќи противпожарни апарати од едницата, се наведува во објавата на Фејсбук на профилот на Армијата.

Реклама

Со употреба на противпожарни апарати и со брза дислокација на неопожарените возила, тие успеале да спречат поголема материјална штета до пристигнувањето на противпожарните екипи. 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пожарот бил пријавен околу 15:40 часот, при што гореле сува трева, смет и паркирани автомобили. Според првичните полициски информации, во пожарот е повредено едно лице, а опожарени се неколку возила.

Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески, изјави дека во пожарот биле опожарени пет возила, од кои три делумно, а две целосно изгорени. На терен интервенирале три противпожарни возила и осум пожарникари, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат во 16:40 часот.