Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Браун: Во поглед на нуклеарните закани како и енергетскиот сектор Европа мора да зборува со еден глас

„Актуелните конфликти во светот покажуваат дека светскиот поредок, каков што долго време…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Актуелните конфликти во светот покажуваат дека светскиот поредок, каков што долго време постоеше, е во процес на распаѓање. ЕУ често во поглед на надворешната политика тешко донесува одлуки, затоа што земјите‑членки понекогаш имаат различни интереси“, даде изјава Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, во рамки на настанот под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на ЕПП и фондацијата Конрад Аденауер.

Браун нагласи дека актуелните конфликти во светот покажуваат дека светскиот поредок, каков што долго време постоеше е во процес на распаѓање. Тој додаде дека во поглед на нуклеарните закани како и енергетскиот сектор Европа мора да зборува со еден глас. 

„Затоа е потребно да се зајакнат капацитетите на Европа. Германскиот канцелар Фридрих Мерц рече пред неколку недели дека Европа мора повторно да научи да зборува на јазикот на моќта. Особено во поглед на нуклеарните закани како и енергетскиот сектор Европа мора да зборува со еден глас. Тоа не значи дека треба целосно да се повлечеме од старите партнерства, туку дека треба јасно да ги формулираме и штитиме нашите интереси“, истакна Браун.