Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Бранителот на родителот кој доби казна од 11 месеци затвор за инцидентот на фудбалскиот натпревар во Штип најави жалба до повисокиот суд

Бранителот, Асмир Алиспахиќ на родителот кој денеска доби казна затвор од 11…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бранителот, Асмир Алиспахиќ на родителот кој денеска доби казна затвор од 11 месеци, бидејќи на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ на фудбалскиот натревар меѓу младинските екипи на Брегалница и Шкупи учествуваше во инцидентот, а во кој беа повредени двајца 15 годишни фудбалери најави желба на пресудата до Апелациониот суд во Штип. Алиспахиќ вели дека очекувале ослободителна пресуда, бидејќи неговиот клиент, 43 годишниот родител не ги тепал 15 годишните фудбалери во спорната 89 минута на натреварот меѓу младинските екипи на Брегалница и Шкупи на 24 август.

-Секако дека обраната не е задоволна од ваквата изречена пресуда, со оглед на теоријата на случај, која ја застапуваше од самиот почеток, а тоа е дека истиот воопшто не ги преземал дејствијата, коишто му се ставаат на товар. Ова е неправосилна пресуда, по добивањето на писмената пресуда, секако дека ќе го искористиме правото да вложиме жалба до повисокиот суд, вели Алиспахиќ.

Прашан која е тезата на одбраната и дали имало насилство на теренот, бранителот Алиспахиќ со одговор дека не само што немало насилство од страна на неговиот клиент, туку, како што вели, не ги ни сторил тие дејствија што му се ставаат на товар.

Реклама

-Се случува еден немил настан помеѓу децата на двете екипи, Фудбалскиот клуб Шкупи и Фудбалскиот клуб Брегалница. Но, тие немили настани не ги инволвираат родителите на двата клуба, туку родителите на двата клуба се обидуваат да ги спречат тие немили настани, којшто се случуваат помеѓу децата, фудбалерите на двете екипи. Токму и она што како перцепција можевме да го видиме во јавноста е пристап на родители со цел да се раздвојат децата, со цел да не се создаде поголема конфузија и нервоза, рече Алиспахиќ.

Од Основното јавно обвинителство велат дека пресудата за овој случај е денеска изречена во штипскиот Основен суд. Откако ќе биде прочитана, разгледана, обвинителството ќе оцени дали ќе поднесе жалба до повисокиот суд, односно до Апелациониот суд во Штип.