Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Божиновска: Знаењето како темел на рударските политики 

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува институционална рамка за продлабочена и системска соработка во области од заеднички интерес. Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и деканот на Технолошко-металуршки факултет проф. д-р Игор Јорданов.

Со Меморандумот се предвидува соработка преку заеднички студентски и апликативни проекти, експертска и научна поддршка, организирање обуки, работилници и конференции, формирање експертски тимови, како и размена на знаења и искуства релевантни за современото, одговорно и одржливо управување со рударските ресурси. Посебен акцент ќе биде ставен на можноста студентите и идните експерти одблизу да се запознаат со работата на министерството преку практикантска настава.

Соработката со Технолошко-металуршкиот факултет, како што соопштуваат од Министерството, има особено значење во контекст на секторот рударство и управувањето со минералните суровини, имајќи ја предвид експертизата, научно-истражувачкиот капацитет и долгогодишната улога на Факултетот во едукацијата на стручен кадар и развојот на применети решенија во областа на металургијата, материјалите и индустриските процеси.

Реклама

-Рударството не смее да се води импровизирано. Одлуките мора да се темелат на наука, експертиза и податоци. Соработката со Технолошко-металуршкиот факултет ни овозможува директна врска меѓу институциите и знаењето што се создава во академската заедница – знаење што е неопходно за одговорно управување со минералните суровини и за долгорочен развој на секторот, истакнала министерката Божиновска по потпишувањето на Меморандумот.

Министерството, се вели во соопштението, ја препознава академската заедница како суштински партнер во унапредувањето на квалитетот на јавните политики, особено во чувствителни и стратешки сектори како што се рударството и минералните суровини, каде што одлуките мора да бидат темелени на наука, податоци и стручна анализа.

Потпишувањето на овој Меморандум е дел од пошироката стратегија на Министерството за институционално поврзување со високообразовните и научните установи. Досега, Министерството има склучено меморандуми за соработка и со Машинскиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), како и со факултети во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со цел создавање мрежа на знаење, експертиза и поддршка за развој на секторот.

-Со ова, Министерството испраќа јасна порака дека реформите, развојот и стабилноста во енергетиката и рударството се градат со партнерство, знаење и институционална одговорност, се вели во соопштението.