Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Божиновска: Владата за зелена иднина

На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сања Божиновска.

На самиот почеток Божиновска објасни дека аерозагадувањето е комплексен предизвик и дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини пристапува кон решавањето на проблемот и тоа со мерки за почисти извори на енергија и одржлив енергетски систем и наведе дел од проектите.

-Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е активно вклучено во реализацијата на повеќе проектни програми од „Планската програма за почист воздух 2024–2030“, кои имаат за цел да го намалат аерозагадувањето преку енергетски решенија. Нашата улога е јасно дефинирана во следните проекти: Греење без емисија- топлински пуми, високо ефикасни котли, когенеративни гасни централни, проект државата не загадува-водиме со пример, такси без директни емисии. Преку овие мерки, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја потврдува својата посветеност кон создавање на одржлив и еколошки енергетски систем, кој ќе обезбеди почист воздух и подобар квалитет на живот за сите граѓани, истакна Божиновска.

Реклама

Божиновска потсети на случајот за набавка на токсичен мазут што бил користен за греење на болници и јавни објекти полно со штетни соединенија и високи нивоа на сулфур и тешки метали.

-Да ве потсетам на последниот случај за кој Обвинителството води постапка, набавка на токсичен мазут што бил користен за греење на болници и јавни објекти во земјава. Во фокусот на истрагата е компанија која во 2023 испорачувала контаминирана нафта. Сериозен здравствен скандал, локалните инспекции утврдиле дека наместо мазут, се користело токсично индустриско масло, полно со штетни соединенија и високи нивоа на сулфур и тешки метали. И тоа не еден туку мрежа на увозници кои, спротивно на законот, испорачувале горива што не ги исполнуваат ниту основните еколошки стандарди а цената, како и секогаш ја плаќаат граѓаните, со своето здравје и со загадената животна средина, децидна е Божиновска.

На крај Божиновска додаде дека Владата е цврсто определена за зелена иднина, и интензивно работи на реализација на капитални проекти.

-Го поддржуваме и секој чекор што води кон почист воздух – од користење електрични автомобили, до инсталирање соларни панели на покриви и развој на енергетски задруги каде граѓаните самите ќе можат да произведуваат и користат чиста енергија. Оваа Влада е цврсто определена за зелена иднина. Интензивно се работи на реализација на капитални проекти, рече Божиновска.