Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Божиновска-Сулстром: Шведска поддршка за енергетски реформи и инфраструктурни проекти во Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска се сретна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска во земјава Ола Сулстром.

На средбата, како што информира Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, беше потврдена досегашната добра соработка меѓу двете земји и беше изразен заеднички интерес за нејзино продлабочување, особено во делот на енергетиката и инфраструктурните проекти.

Министерката Божиновска го запознала амбасадорот Сулстром со клучните стратешки проекти на ресорното министерство, како и со плановите за забрзување на енергетската транзиција. Таа посочила дека Македонија е посветена на модернизација на енергетскиот систем, зголемување на учеството на обновливите извори и подобрување на енергетската одржливост, што отвора можности за соработка со шведските партнери и компании.

Реклама

– Во фокусот на разговорот беше и можноста за искористување на Фондот за техничка документација (TDF), инструмент преку кој Шведска поддржува изработка на техничка документација за инфраструктурни и енергетски проекти. Досега македонски проекти не учествувале во овој фонд, а министерката Божиновска истакна дека учеството во TDF би можело да биде значајно за унапредување на проектите во областите на енергетската ефикасност, модернизацијата на инфраструктурата и паметните енергетски решенија со оглед на големото искуство на шведските компании и институции во овие области, стои во соопштението. 

Амбасадорот Сулстром на средбата истакнал дека голем број шведски компании се заинтересирани за случувањата во енергетскиот сектор во Македонија и регионот и изразил желба да се поттикне поголема економска соработка, како преку присуство на шведски фирми во македонскиот енергетски пазар, така и преку настап на македонски компании на шведскиот пазар.

Сулстром нагласил дека Шведска останува силен пријател и поддржувач на Македонија во процесот на евроинтеграциите и изрази надеж дека земјата ќе стане полноправна членка на Европската Унија во најскоро време.