
Не се работи само за кражба на државни пари, туку и за уништување на квалитетот на животот на граѓаните кои мораат да дишат канцероген отров. Министерката за енергетика Сања Божиновска вели дека уште од почетокот утврдила дека состојбата во енергетскиот сектор е катастрофална и ги алармирала институциите да постапат за да се исчисти криминалот. Побарала од државниот ревизор да се истражи работењето и на МЕПСО, ЕСМ, Бирото за метрологија, ТЕЦ Неготино.
