Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Божиновска на презентацијата на новиот болид на MES Racing: Македонските студенти покажуваат дека имаат знаење за големата инженерска сцена

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини присуствуваше на официјалната презентација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини присуствуваше на официјалната презентација на новиот болид на MES Racing, македонскиот Formula Student тим, составен од млади инженери и студенти, кои во текот на изминатата година посветено работеа на неговиот развој – информираат од Министерството. 

На настанот, кој се одржал во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје, тимот ги претставил резултатите од изминатата сезона, процесот на работа и новиот болид по што следувало и негово демонстративно возење.

За министерката Божиновска, ваквите проекти се најдобар пример дека Македонија има млади луѓе со знаење, амбиција и капацитет да создаваат сложени инженерски решенија и да се натпреваруваат на меѓународната сцена.

Реклама

– Македонија има иднина. А нејзината иднина се младите. Денес, видовме што се случува кога знаењето, идеите, храброста и истрајноста ќе добијат поддршка. Овој болид не е само технички производ, тој е резултат на знаење, тимска работа, посветеност и многу часови вложен труд на овие млади луѓе – истакнала министерката Божиновска.

Таа посочила дека инвестицијата во младите инженери, науката, техничкото знаење и иновациите е инвестиција во македонската економија и индустрија затоа што токму вакви кадри се потребни за создавање современа, конкурентна и технолошки напредна економија.

– Како институции мораме да бидеме поддршка за младите што создаваат. Нашата задача е да им помогнеме нивното знаење и идеи да добијат можност да се развиваат и да станат дел од реалниот индустриски и економски развој. Не смееме да дозволиме талентот да остане само потенцијал – треба да создадеме услови тој да се претвори во резултат – порачала Божиновска.

Особено значење има фактот што на проектот работат студенти од разни области, кои низ практична работа ги применуваат своите знаења од инженерството, машинството, електротехниката и други дисциплини функционирајќи како вистински инженерски тим.

По презентацијата, министерката Божиновска добила благодарница од тимот MES Racing за досегашната поддршка.

– Јас, пак, им благодарам ним – затоа што покажуваат дека младите не се само иднината на Македонија. Тие се нејзиниот сегашен потенцијал. Продолжете да создавате, продолжете да поместувате граници. Македонија има потреба од вас“ – порача министерката.

MES Racing е првиот и единствен македонски Formula Student тим, а преку своето учество на меѓународни натпревари ги претставува Македонија, македонското студентско инженерство и потенцијалот на младите инженери.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, велат од таму, останува посветено на поддршката на младите, науката, иновациите и инженерските иницијативи како важен дел од создавањето нови знаења, современи технологии и кадри што ќе ја движат македонската економија напред.