Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Божиновска меѓу енергетските лидери на P-TEC форумот во Атина – фокус на новата трансатлантска соработка

Во Атина денес официјално започна Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC)–…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Атина денес официјално започна Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC)– глобален форум што ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, посветен на унапредување на енергетската безбедност и стратешките инфраструктурни проекти.

По покана од американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и грчкиот министер за енергетика Ставрос Папастравру, министерката Божиновска присуствуваше на свеченото отворање на форумот и потпишувањето на новиот договор за соработка меѓу САД и Грција.

Форумот, кој ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, претставува водечка платформа за дијалог за енергетската безбедност, диверзификацијата на изворите и стратешките инвестиции во регионот.

Реклама

На настанот беше потпишан стратешки енергетски договор меѓу ExxonMobil, Energean и Helleniq Energy, кој предвидува 60% инвестициски удел во истражувањето на гасното подрачје „Block 2“во Јонското Море, северозападно од Крф. Со овој потег, САД и Грција ја отворија новата фаза на билатерална енергетска соработка, вредна меѓу 50 и 100 милиони долари, насочена кон засилување на регионалната безбедност и диверзификација на европскиот пазар.

Присуството на министерката Божиновска меѓу енергетските лидери и претставници на Европската Унија, САД и регионот, беше високо забележано од домаќините, како израз на почит кон Македонија и нејзината активна улога во регионалната енергетска соработка.

Во своето обраќање, грчкиот министер за енергетика Папастравру ја спомена Северна Македонија како пример за успешна и стабилна регионална соработка, истакнувајќи дека заедничките енергетски проекти со Македонија се модел за доверба и интеграција во југоисточна Европа.

Вчера вечер, министерката Божиновска по посебна покана на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Атина, Кимберли Гилфојл, присуствуваше и на приемот во чест на американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и секретарот за внатрешна безбедност Даг Бургам, организиран во Амбасадата на САД во Атина.

Настанот беше од висок дипломатски карактер, на кој присуствуваа американската делегација, европски министри и претставници на водечки енергетски компании, со цел зајакнување на трансатлантското партнерство и инвестициите во чиста енергија и инфраструктура.

Форумот P-TEC, кој се одржува во Zappeion Megaron, оваа година собра над 400 високи претставници од 25 држави, и потврди дека енергетската соработка меѓу Европа и САД станува стратешка оска на стабилност и развој во регионот.

Присуството на Македонија на вакви форуми е потврда дека нашата земја се движи рамноправно со европските и трансатлантските партнери во новата енергетска ера.