Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Божиновска: Енергетската сигурност веќе не е само национално прашање, туку регионален предизвик и заедничка регионална одговорност

Енергетската сигурност веќе не може да се третира исклучиво како национално прашање.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Енергетската сигурност веќе не може да се третира исклучиво како национално прашање. Конкурентноста и сигурноста на нашите енергетски системи станаа заеднички регионален предизвик и заедничка регионална одговорност. Поради тоа, Македонија останува цврсто посветена на развојот на прекуграничната инфраструктура и на зајакнувањето на интеграцијата на регионалните енергетски пазари – порача денеска министерката за енергетика Сања Божиновска од пленарниот состанок што се одржува во рамките на вториот министерски самит за енергетика во Белград.

Како што истакна Божиновска пред колегите од Србија, Бугарија и Грција, Македонија останува посветена и на блиската соработка со соседните оператори на преносни системи и регионалните институции за да се обезбеди стабилност на системот, да се олесни размената на електрична енергија и да се зајакнат механизмите за прекугранична поддршка кога и да е потребно.

Самитот почна со пленарен состанок на делегациите од Македонија, Србија, Бугарија и Грција, предводени од ресорните министри, Сања Божиновска, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, Ива Петрова и Ставр

Во однос на гасот, напомена дека земјата силно ги поддржува заедничките механизми за координација и солидарност во случај на криза во снабдувањето, вклучително и навремената размена на информации, координираното управување со кризи и меѓусебната помош меѓу соседните земји.

Реклама

– Само преку координиран регионален пристап можеме ефективно да одговориме на потенцијалните прекини во снабдувањето и да обезбедиме сигурност и за граѓаните и за индустријата – истакна министерката.

Таа се осврна на гасните интерконектори со Грција и Србија, кои, рече, ги поставуваат темелите на идната водородна мрежа на Македонија и ја зајакнуваат нашата интеграција во европската водородна мрежа. 

– Овие проекти ќе воспостават важен транзитен коридор што ги поврзува јужните рути за снабдување преку Грција со пазарите во Централна Европа. Ова значи поголема сигурност, посилна конкуренција, нови можности за инвестиции и дополнителни економски придобивки за целиот регион – оцени Божиновска.

Според неа, изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува одлично. Веќе се заварени 30 km од вкупно 67 km и со почетен капацитет од 1,5 милијарда кубни метри годишно, проектот ќе овозможи пристап до нови извори на снабдување и до СПГ (LNG) инфраструктурата во Грција, што значително ќе придонесе за диверзификацијата и сигурноста во снабдувањето.

– Сепак, неговото значење не завршува тука. Интерконекторот е дизајниран да транспортира 100 % водород, со што се гарантира дека денешните инвестиции го поддржуваат нискојаглеродниот енергетски систем на утрешнината и придонесуваат кон целите на Европа за декарбонизација – рече министерката.

Значаен напредок, додаде, е направен и во однос на гасниот интерконектор со Србија. Договорот за проектирање и изградба на македонската делница е веќе потпишан. Интерконекторот ќе работи во двете насоки со капацитет од 1,4 милијарда кубни метри годишно овозможувајќи подлабока пазарна интеграција и поголема флексибилност во целиот регион.

– Важно е да се напомене дека, исто како и интерконекторот со Грција, и идниот интерконектор со Србија се развива како инфраструктура подготвена за водород, способна да транспортира 100 % водород – дополни Божиновска.

Осврнувајќи се на реформите во енергетскиот сектор, посочи дека сигурноста во снабдувањето со гас и електрична енергија останува приоритет. Посебно внимание се посветува, рече, и на адекватноста на системот за време на претстојната зимска сезона. 

– Македонија активно се подготвува за следната фаза од енергетската транзиција. На почетокот на оваа година ја комплетира својата прва национална студија за водород, што претставува важен чекор напред во планирањето на нашиот иден енергетски систем. Студијата го потврдува потенцијалот на државата за производство, транспорт и користење обновлив водород и ја нагласува стратешката важност на интерконекциите подготвени за водород со Грција и Србија како идни компоненти на европската мрежа за водород. Заедно со овие интерконекции ги поставуваме основите за идната национална водородна мрежа и за активното учество на Македонија во паневропската водородна инфраструктура, која е во фаза на развој. Убедени сме дека Грција, Северна Македонија и Србија може да одиграат значајна улога во идниот европски водороден коридор трансформирајќи го нашиот регион во стратешка врска меѓу производителите и потрошувачите на чиста енергија во Европа – потенцира Божиновска.

Во обраќањето порача и дека енергетската транзиција не е само технички или инфраструктурен предизвик, туку мора да биде и праведен процес.

– Поради ова, Владата неодамна го усвои годишниот план за спроведување праведна транзиција за 2026 година. Преку овој план, продолжуваме со систематскиот пристап кон економската и енергетската трансформација на нашата земја, со посебно внимание на работниците и заедниците засегнати од транзицијата и напуштањето на јагленот. Со усвојувањето на овој план ја потврдуваме нашата посветеност на праведна и инклузивна транзиција, која ги зема предвид социо-економските последици за засегнатите региони. Посебен фокус е ставен на создавање нови можности за вработување, преквалификација и доквалификација на работната сила, како и на поддршка на одржливиот локален економски развој. Нашата цел не е едноставно да ги затвориме старите капацитети, туку да создадеме нови можности – истакна министерката додавајќи дека Македонија постигнува значителен напредок и во имплементацијата на обновливите извори на енергија.

На пленарниот состанок учествуваат делегациите од Македонија, Србија, Бугарија и Грција, предводени од ресорните министри Сања Божиновска, Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ, Ива Петрова и Ставрос Папаставру. По завршувањето на состанокот, предвидена е заедничка прес-конференција на четирите министри.

Божиновска на самитот ќе оствари билатерална средба со министерката Петрова, на која се очекува да стане збор за натамошното унапредување и проширување на веќе воспоставената соработка.