Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Божиновска: Бараме начин болниците, училиштата, јавните претпријатија да плаќаат поевтина струја

Владата бара решение за 90-тина болници, училишта, државни институции и јавни претпријатија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата бара решение за 90-тина болници, училишта, државни институции и јавни претпријатија кои натрупаа огромни долгови за струја – вели министерката за енергетика Сања Божиновска. Се разгледувале опции да им се понудат пакети за да плаќаат поевтина електрична енергија. Во моментов се прават анализи за колкава количина на струја станува збор. Сите тие треба да влезат во една „балансна група“ од следниот квартал.

„Ние сме свесни за овој проблем. Тоа го забележавме уште на крајот на минатата година. Тоа се непрофитни организации како училишта и болници,но и комунални претпријатија кои имаат енормни сметки за струја. Тие можеби од незнаење и од немање стручен кадар не избрале снабдувач, па купувале од снабдувачот во краен случај. И самите не се запознаени од последиците во непостапувањето, а друга работа е што се оставени на ризик на берзата“ – рече Сања Божиновска, министерка за енергетика.

На сите овие институции, установи и јавни претпријатија им се заканува исклучување поради неплатени сметки. Тие во моментов плаќаат за 50% поскапа електрична енергија затоа што ја купуваат од универзалниот снабдувач во краен случај. Божиновска вели дека кај некои од нив причината лежи во незнаење како да купуваат струја. Сите овие организации на централно и локално ниво, немаат редовен договор со снабдувач на слободниот пазар, туку ја купуваат од ЕВН, а токму затоа цената е двојно повисока. Многу од нив подолг период на ваков начин трошат струја и покрај тоа што законски е дозволено до 3 месеци.

Реклама

Јавните комунални претпријатија побараа да можат да склучат договор за снабдување со Државните електрани по 62 евра за мегават час, односно цената по која ја испорачуваат до Универзалниот снабдувач наменета за домаќинствата и малите потрошувачи. Предупредија дека ако не се преземе нешто, ќе има нередовно снабдување со вода. Од друга страна, ЕСМ беше оставена во ужасна финансиска состојба од претходната Влада, се обидува да закрепне финансиски, па прашање е дали ќе може да им дава на 90 фирми струја, која ќе биде за една третина поевтина од производствената цена.  Инаку комуналните претпријатија со години се први на листата на најзадолжени во земјава. Минатиот месец, на врвот биле скопски Водовод, Комуналец Кичево, Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Водовод Куманово, АД „Водостопанство“ и многу други.