Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Божикна честитка од вицепремиерот Димовски: Да бидеме солидарни, обединети да ја чуваме и живееме верата

Вицепремиерот задолжен за политички прашања Љупчо Димовски денеска упати честитка по повод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот задолжен за политички прашања Љупчо Димовски денеска упати честитка по повод божикните празници, во која порачува да се научиме да живееме духовно, во смирените, со меѓусебна љубов и разбирање и сите обединети да ја чуваме и живееме верата, за да можеме достоинствено и со радост да живееме и да напредуваме како народ.

–  Чествувајќи го Божик ги славиме љубовта, победата над предрасудите и разликите. Божиќната порака за вистината, за верата, за добрината, човечноста и за хуманоста е глас кој треба да го слушаме и да го пренесеме на оние после нас. Божиќ е празник на семејството, ден кога посакуваме и се молиме за добро здравје, среќа и радост, додека бадниковата вечер веќе ни донесе топлина во домовите и семејствата, исполнувајќи ги ближните со убава мисла, добрина и благослов. Годинава Божиќ го празнуваме во време на големи предизвици, неизвесност, страв и човечки страдања од војни, кризи и големи социјални неправди. Овие предизвици не нè одминуваат ниту нас, но затоа нашата вера, сила и цврста волја се тие што ќе ни ја обноват надежта како што не подучува пишаниот завет. Овој голем христијански празник нè учи да бидеме солидарни, да споделуваме со оние кои имаат помалку, да им помогнеме на  немоќните и на обесхрабрените, почитувајќи го нивното достоинство со искрените заложби за социјална правда, наведува Димовски во честитката. 

Затоа, порачува вицепремоиерот, да се научиме да живееме духовно, во смирените, со меѓусебна љубов и разбирање и сите обединети да ја чуваме и живееме верата, за да можеме достоинствено и со радост да живееме и да напредуваме како народ, оти само во слога и единство може да се брани и одбрани своето, достоинствено и со подигната глава.

Реклама

– На тој начин можеме да придонесеме кон обнова на единството, на довербата и пред се на добрината меѓу луѓето во нашата Македонија, се вели во честитката.