Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Борко Ристовски: „Транспарентноста и отчетноста се наш приоритет“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари работна средба со директорот на Државниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари работна средба со директорот на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски. На средбата се разговараше за тековните и идни проекти во спортскиот сектор, како и за финансиската транспарентност и отчетност во работата на министерството.

Министерот нагласи дека соработката со Државниот завод за ревизија е од клучно значење за обезбедување на интегритетот и правилното користење на буџетските средства наменети за спортот. „Транспарентноста и одговорното управување со средствата се приоритети на нашето министерство и оваа средба е важен чекор во таа насока“, истакна тој.

Директорот на Државниот завод за ревизија ја потврди поддршката на заводот за напорите на Министерството за спорт и изрази спремност за понатамошна соработка. „Нашата мисија е да обезбедиме ефективна контрола и надзор врз финансирањето на сите проекти и активности. Заедно можеме да постигнеме повисоко ниво на транспарентност и ефикасност“, рече директорот.

Реклама

На крајот од средбата, двете страни се согласија дека континуираната комуникација и соработка се неопходни за постигнување на заедничките цели и унапредување на спортскиот сектор во Република Македонија.