Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Бојковска: Законот за работно ангажирање на лица претставува значаен чекор во борбата против сивата економија

Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“, и зборуваше на темата за Законот за работно ангажирање на лица-можност за дополнителна заработка, притоа истакнувајќи дека со овој Закон се мотивира работоспособното население да биде проактивно и претставува одлична можност за дополнителна заработка на младите, пензионерите и другите лица кои сакаат да бидат дополнително работно ангажирани.

„Со носење на Законот за работно ангажирање на лица, водиме сериозна борба со сивата економија, со тоа што овие работници ги ставаме во формалната економија, притоа работодавачите се должни да плаќаат данок на личен доход, придонеси по однос на пензиско инвалидско осигурување и придонеси по однос на здравствено осигурување. Освен што добива работникот одредена заштита по однос на плаќања на овие давачки, добива и самата држава, бидејќи не само што водиме борба со сивата економија, сега и се полни веќе и буџетот на државата, што значи дека ќе имаме повеќе средства за граѓаните и ќе можеме да реализираме повеќе мерки или проекти. Нашата задача нема да застане тука само со носење на овој закон, континуирана е борбата со сивата економија и мислам дека во тој дел правиме определен напредок“, вели Бојковска.

Пратеничката во поткастот потенцираше дека бенефитот од носењето на Законот е огромен, со вклучување на повеќе категории на луѓе, кои доколку бидат работно ангажирани по некој основ, нема да ги изгубат стекнатите права по други основи.

Реклама

„Тука спаѓаат лицата коишто се студенти, лицата коишто се средношколци и коишто исполнуваат услови за определен работен ангажман над 16 години по законот и понатаму, спаѓаат исто така и пензионерите, самовработените лица, невработени лица, вработени лица, дадовме тука еден поширок контекст, така што овие лица ќе може да се занимаваат и да бидат работно ангажирани во овие дејности. Особено младите знам дека во летните периоди се ангажирани во дејностите на угостителство, претставува одлична можност да бидат работно ангажирани во овој период, можност за дополнителна заработка, а притоа важно е да се напомене дека не ги губат правата по основ на стипендија или правото на редовно студирање. Така што еден важен момент е и тоа да се напомене, дека не се губи ни правото на семејна пензија, на старосна пензија и така натаму, мислам дека е одличен бенефит“, рече Бојковска.

Таа исто така посочи дека со законот се овозможува мотивација на работоспособното население и претставува рамка за препознавање и заштита на илјадници лица ангажирани за сезонска, привремена работа во повеќе сектори, со што се поставуваат нови стандарди во борбата против неформалната економија и се гради одржливо деловно опкружување.

„Ние оставаме законска можност да доколку некој има потреба или доколку има желба, бидејќи ние знаеме дека голем дел и од пензионираните лица и се работоспособни лица. Јас мислам дека е одговорно пред сè како држава на сето она работоспособно население да му дадеме дополнителен стимул за заработка. Мојот став е дека треба работоспособното население да го мотивираме да биде што е можно проактивно бидејќи на крајот од денот кога ние имаме и потреба во дадени моменти од работна сила наместо да увезуваме работна сила ние треба да си го ангажираме работоспособното население и да го стимулираме истото“, истакна Бојковска.