Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Економија

Бојковска со прашање до премиерот за тоа дали и во наредниот период ќе продолжи финансиската поддршка за општините, како оние два повици од Владата

Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од собраниската говорница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од собраниската говорница на денешната 61 седница во Собранието посветена за пратенички прашања. Бојковска се осврна на темите за економската состојба во земјава, енергетиката и финансиската поддршка од Владата за локалните самоуправи од вториот повик. Сите три прашања од страна на пратеничката беа поставени до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

„Моето прво прашање се однесува на макроекономија. Како ја оценувате вие економската состојба и економските движења во нашата држава и дали и какви параметри имаме како држава за првата половина од оваа година и кои економски резултати можеме да ги очекуваме на 2025 година? Ценам дека јавноста треба да е запознаена за тоа во каква насока во наредниот период во оваа година ќе се движиме“, истакна Бојковска.

Бојковска го постави своето второ пратеничко прашање до претседателот на Владата, во областа на енергетиката, што според неа, стабилноста на државата се одредува според стабилноста на енергетскиот систем во истата, а ја потенцираше и важноста на новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Реклама

„Моето второ прашање се однесува на енергетиката. Дали и каков бенефит значат овие инвестиции за Македонија, особено последната за изградба на когенеративните централи. Кои се наредните чекори во сегментот на енергетика кои ќе ги презема македонската Влада и дали тоа значи повеќе бенефиции за македонските граѓани и за македонското стопанство?“, праша Бојковска.

Третото прашање на пратеничката Бојковска се однесуваше на капиталните инвестиции, а ги потенцираше и 828 потпишани проекти за финансиска поддршка на општините преку вториот повик на Владата.

„Што во рамки на овие проекти, во рамки на сите општини коишто ги имаме во Македонија? Што тоа значи конкретно за граѓаните и за локалниот развој. Можете ли конкретно овие 828 проекти за општините да ни споделите подетални информации за тоа за каков вид на проекти станува збор и кои ќе се подржат со вториот повик на Владата. Јавноста ја интересира во овој контекст дали Владата и во наредниот период ќе дава финансиска поддршка за единиците на локалната самоуправа и со исти вакви проекти од контекст на финансиска поддршка за општините ќе продолжи и во иднина?“, заклучи Бојковска.