Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Богојавление – Водици во Берово: Благој Дујовски прв до светиот крст

Со голема вера, радост и почит кон традицијата, денеска во Берово свечено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со голема вера, радост и почит кон традицијата, денеска во Берово свечено беше одбележан еден од најголемите христијански празници – Богојавление – Водици. Во водите на реката Брегалница, пред многубројни верници и учесници, најсреќен беше Благој Дујовски, кој прв стигна до светиот крст – симбол на благослов, надеж и духовна сила.

-По повод празникот, Општина Берово го награди најсреќниот учесник со вредносен ваучер од 15.000 денари, а дополнителна награда обезбеди и општествено одговорната компанија ЗЕГИН, информираше градоначалникот Петар Ружински додавајки дека празничната атмосфера уште еднаш покажа дека беровчани со гордост ја негуваат вековната традиција, пренесувајќи ја од генерација на генерација.

Градоначалникот упати честитки до Благој Дујовски и до сите учесници кои храбро се вклучија во настанот.

Реклама

-На сите граѓани на Берово им го честитаме големиот христијански празник Богојавление – Водици – ден на духовно прочистување и потсетник на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан од Свети Јован Крстител, подвлече Ружински.