Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Богдановиќ за Филипче: не ја застапувате социјалдемократската идеја, СДСМ има претседател кој има скапа виза за која не е на чисто за што е

Скапи златни визи, менување на ставови, губење на идеолошки компас, оттргнување од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скапи златни визи, менување на ставови, губење на идеолошки компас, оттргнување од реалното општество – ова не е социјалдемократија.

Скандалите со златанта виза за која да ја поседувате треба да имате длабок џеб, како и катадневните напади на медиумите, но и недостатокот на демократски капацитет се дел од причините зошто СДСМ попаѓа сметаат дел од познавачите.

Пораншниот градоначалник на Центар и член на СДСМ, Саша Богдановиќ вели дека несвојствено е за партија која би требало да е рамо до рамо со грашаните, да ја споделуваат секојдневницата да има претседател кој поседува виза која не е сеуште на чисто за што е, ама е јасно дека е скапа.

Реклама

„Како што видовме во самите рекации , натписи, дека таа виза чини многу пари. Уште полошо од тоа е што требаше да има дирекно признавање, не спорно е можеби имате срества свои за да ноправите, или тие средства ги стекнале на некој друг начин , тоа треба некој друг да го провери. Со самото тоа кажување дека прво немате, па имате , па била за лекар, па на крај се докажува дека е за бизнис интереси , вие пред своите членови и симпатизери покажувате една неозбилност. Не ја застапувате социјалдемократската идеја, немате идеологија со тоа покажувате дека некои други планови ви се во интерес , така да луѓето утре како би ви дале доверба кога вие во едно скорешно време сте се стекнале со таков капитал за да добиете таква виза.“- вели поранешниот градоначалник и член на СДСМ, Саша Богдановиќ.

Втор катастрофален чекор кој го прави СДСМ, според Богдановиќ е отворањето на фронт со медиумите. Поранашниот градоначалник смета дека тоа партиајта го прави за дефокус, но како и да е целата тактика е погрешна и цената ја плаќа партијата со тоа што губи медиумски простор, но и релевантност. Дали во прашање е параноја или нешто друго, Богдановиќ вели не знае , но едно е јасно, СДСМ го губи својот компас.

„Јас и додека сум бил градоначалник на Центар , сум доаѓал на гостувања во Алфа, сум имал и незгодни прашања , но целата поента во политиката е да го искористите секој медиумски простор и да поентирате. Нормално ако имате чисти намери и чиста совест , очигледно дека тука се работи за нешто друго. Да се избегнува некоја тема со тоа што ќе се обвини одреден медиум, но со тоа вие стварате и кај граѓаните и кај гледачите на АЛфа и самата телевизија непотребен револт, да дополнително влегувате во конфронтација со медиум. Тоа по мене е лоша политка.“- вели Саша Богдановиќ.

Тоа што СДСМ се занимава со туѓи дворови, а не си го средува својот , каде во моментов членството се ситни, функционерите си одат, е факт дека раководството со својот багаж ја влече партијата надоле, вели Богдановиќ кој посочува дека тоа се видело на последните избори, а допрва ќе се гледа и во иднина.

И додека партијата која треба да биде најголем поборник за работничките права, се занимава со медиуми, наместо на 1ви мај , денот на трудот биде со нив, од ВМРО-ДПМНЕ испраќаат порака дека тоа пример за лицемерие. Според нив, Филипче си ужива во Рим , додека во јавноста се претставува како загрижен опозиционер.