Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Бојковска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа подготвеност и навремена реакција во услови на криза

Драгана Бојковска, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драгана Бојковска, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажала подготвеност и навремена реакција во услови на криза, со што ја истакна мерката за намалување на ДДВ-то на горивата од 18 на 10 %, се наведува во соопштението од  ВМРО-ДПМНЕ. 

– Нашата Влада и нашата држава, овој пат во ситуација кога постои криза и на глобално ниво, наоѓаат начин и се однесуваат соодветно во услови кога постои криза, со тоа што покажавме подготвеност за реакција. Донесовме мерки во кои директно граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките со конкретните мерки и со конкретната предвидливост што ја направивме, најпрвин во прва мера што се свика Советот на безбедност од аспект на безбедносната, состојба во која утврдивме дека се наоѓаме на стабилно ниво, а потоа и кога се работи од економски аспект го намаливме ДДВ-то на горивата од 18 на 10 %, со што директно, всушност, се влијае на добросостојбата на граѓаните во ефект на држењето на ценовната стабилност на горивата,- рече Бојковска.

Бојковска исто така посочи дека СДСМ создава ситуација на расфрлање пердуви кога нешто нудат, а по неколку дена од тоа се одрекуваат и истакна дека во 2022 година инфлацијата била енормно висока, со што ДДВ-то на 2.000 прехранбени производи било покачено од 5 на 10 %. 

Реклама

– Мене една работа ми е чудна и нејасна, можеби и на самите граѓани, а тоа е онаа состојба во која многу често веќе СДСМ  ја презентира и ја истакнува пред македонската јавност, а тоа е кога нешто нуди и по неколку дена од тоа се одрекува или создава ситуација на расфрлање пердуви. Непосредно пред да се донесе самата мерка за намалување на ДДВ-то на горивата, неколку дена претходно лидерот на СДСМ излезе на прес-конференција, бараше намалување на ДДВ-то на горивата, излеговме еве со мерката за намалување, исто беше и со ситуацијата за мигрантите, исто беше и со предложување на резолуцијата за црвените линии, па не ја видовме – рече Бојковска и додаде:

Во 2022 година инфлацијата беше двоцифрена и тогаш се донесе намалување на ДДВ-то, а потоа истите тие го покачија на 2.000 прехранбени производи од 5 на 10 %. Ние сме пример за регионот по тоа што имаме најниско и најстабилно ниво на цената на нафтата.