Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Бојковска: Измените на Кривичниот законик означуваат борба против корупцијата, оваа Влада ќе испорача закони еднакви за сите

На телевизија Алфа вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На телевизија Алфа вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која на самиот почеток се осврна на актуелната тема за предлог измените на Кривичниот законик, поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на Центарот за комуникации.

„Овој предлог закон доаѓа како повод на реакцијата на Уставниот суд којашто ја имавме, и поради тоа што не треба да се создаде простор за правна празнина на којашто укажуваше Уставниот суд, ги носиме овие брзи измени на Кривичниот законик, и секако не само заради Уставниот суд, и поради оној упад којшто го имавме во 2023 година, којшто беше направен од страна на СДСМ и ДУИ тогаш како тогашна власт. Со измената на Кривичниот законик тогаш во 2023 година, буквално направија амнестирање на кривичните дела, особено на оние коишто се обележје на членот 353 или злоупотреба на службена положба и овластување“, рече Бојковска и додаде:

„Со што практично тогаш со носење на тие измени застареа 200 кривични дела, кривични дела коишто би требале да се гонат по овој член 353 и тоа претставува упад не само на правосудниот систем, не само на правото и правдата и владеењето на правото, туку буквално кршење на она се што значи позитивни законски норми и носење на позитивните законски норми во добра волја“.

Реклама

Бојковска објасни дека со овие предлог измени ќе се зголемат казните и ќе се вратат кривичните дела коишто биле избришани во 2023 година од страна на претходната власт, со цел секој еден кој се огрешил да биде казнет.

„Освен што ги бришеа кривичните дела, односно бришеа инкриминација на одредени дејства, вршеа намалување на казните, се со цел да застарат овие кривични дела. Со овие предлог измени, ги зголемуваме казните, ги враќаме оние кривични дела коишто беа избришани претходно во 2023 година, се со цел да извршиме корекција и секој оној кој што ќе се огреши пред законот да биде казнет“, рече Бојковска.

На крај Бојковска посочи дека со измените на Кривичниот законик нивото на корупција во 2023 година значително се зголемил, и истакна дека примарна цела на оваа Влада ќе биде да се испорачаат еднакви закони за сите граѓани.

„Во три извештаи и последователно на Европската комисија е забележено дека нивото на корупција и степенот на корупција е значително зголемен, по оние измени во 2023 година, што укажува апсолутно на најголема слабост во борбата со корупција во овој период кога се донесени измените и после тоа. Наша примарна цел и наша задача е пред граѓаните да испорачаме еднакви закони за сите, коишто ќе важат еднакво за сите и секако да се одговара пред законот. Така што јас би оценила и дека овие измени коишто ги правиме во Кривичниот законик сега буквално значат и борба со корупцијата, ценам дека секој еден треба да одговара пред законот и не треба да се прости ниту еден криминал, ниту едно дејствие коешто ќе значи повреда на позитивните законски промени“, децидна е Бојковска.