Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Бизнисот очекува 70% од проектите од стратешкото партнерство да ги изработат домашни градежни фирми

Стратешкото партнерство – шанса за македонскиот градежен сектор. Стопанската комора очекува домашните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стратешкото партнерство – шанса за македонскиот градежен сектор. Стопанската комора очекува домашните компании да имаат 70% учество во изградбата на брзата пруга од Табановце до Гевгелија и обновата на болниците во Штип, Кичево и Тетово. Признаваат дека нивните капацитети се делумно ограничени за да можат да ја поддржат широката градежна експанзија низ земјава, но подготвени се да работат во нискоградбата. Првиот човек на комората, Бранко Азески вели дека македонските градежни компании долго биле запоставени и затоа било важно тие да бидат вклучени и проектите да ги изработат квалитетно.

За министерката за финансии, пак, поддршката на Британија е најголема што земјава ја имала и таа е од клучно значење. Притоа појасни дека Обединетото Кралство ќе гарантира дека Македонија кога ќе ги земе парите, истите ќе ги врати. Димитриеска Кочоска вели дека засега е јасно дека ќе се повлечат 2,2 милијарди евра за изградба на пругата и болниците, но дека за остатокот треба допрва да се аплицира со проекти. Тоа не значело дека ќе се повлече цела сума од 6 милијарди евра.

На средбата на министерката со бизнисмените во Стопанската комора било разговарано и за намалување на царинските стапки. По поголемиот пад пред две години, сега останатите царински стапки ќе се намалат за 50%. Азески вели дека генерално е задоволен од работата на Владата, но и дека треба да се забрза процесот на дигитализацијата и да се подобри комуникацијата на администрацијата со бизнисот. Исто така, со министерката била договорена и рамка за пребивање и враќање на парите кон компаниите што го платија солидарниот данок, кој потоа падна на Уставен суд.