Реклама

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Македонија

Бизнис среде пандемија – Зошто тестовите во приватните клиники се двојно поевтини од набавените во јавното здравство?

Дали државата профитира во време на пандемија со тоа што тестирањето за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали државата профитира во време на пандемија со тоа што тестирањето за корона вирус  го плаќа три до четири пати поскапо од приватните болници? Министерството наплатува 4.950 денари од ФЗОМ по тест, додека во приватните клиники тестирањето чини од 1.200 до 1.500 денари. Пациентите реагираат а за министерот Филипче цената била регуларна.

“Станува збор за цена по која ФЗОМ ги откупува услугите кон институтот за Јавно Здравје  односно кон центрите за ЈЗ. Значи цена на чинење е таа сума значајно поголема од таа што се шпекулира дека е цена на чинење на тестот по која што фондот кон јавно здравствени установи за услугата.“ – изјави Венко Филипче, министер за здрвство.

Од Фондот за здравство се правдаат со купишта неразбирливи реченици и е невозможно да се сфати на која основа и каква е таа методологија што оваа институција ја користи за да ја пресмета цената по тест. Се споменуваат повеќе различни лабораториски услуги со референта цена од 3.000 до 5.500 денари. Еве дел од нивното објаснување:

Реклама

“ФЗО информира дека лабораториски услуги за серолошки анализи на инфективните причинители се со референтна цена од 1.100 денари, а лабораториски услуги за молекуларни анализи за инфективни причинители и истите во зависност од техниката  и бројот на причинители (еден, повеќе или цел сет на вируси) кои истовремено се детектираат. Постојат повеќе различни лабораториски услуги со со референта цена од 3.000,00 до 5.500,00 денари.” се вели во соопштението на ФЗО.

Во земјава заклучно до вчера се направени 1.800 тестови. Тестирања масовно се вршат и во приватната болница Жан Митрев,од денеска во специјален пункт ќе се вршат тестирање за Ковид -19 и во приватната болница Аџибадем Систина. Последните на располагање имаат 15.000 тестови. Во сите приватни болници земањето брисеви  се врши само со претходно закажување,  а пациентите задолжително треба да носат маска.

Ања Василева