Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Битолчанец вработен во училиште осомничен дека поседувал детска порнографија

31- годишник вработен од битолско основно училиште се товари за производство и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

31- годишник вработен од битолско основно училиште се товари за производство и дистрибуција на детска порнографија. Тој од април 2024 до први април годинава, на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за себе и поседувал материјали со детска порнографија. Токму преку неговиот комјутер кој го користел, австралиските полицајци го лоцираат и им јавува на македонсктие истражни органи. Австралиската федерална полиција го открила битолчанецот во акцијата за откривање на веб страници одговорни за дистрибуција на слики и видеа кои содржат материјали од злоупотреба на деца.

  • Австралиските служби спроведоа операција за откривање на корисниците на ИП адреси кои се обиделе да пристапат до една или повеќе од веб-страниците, при што биле идентификувани повеќе уникатни регистрирани корисници, нивните електронски и ІР адреси од кои дел во Македонија, за што е испратено известување и до македонските истражни органи“ велат од Обвинителството.

Според неофицијални информации, осомничениот битолчанец бил вработен како педагог во основно училиште  во Битола. Алфа побара став и од директорот на училиштето кој рече дека нема такви информации, се додека од Министерството за внатрешни работи официјално не го известат.

Обвинителите бараат 31 годишниот битолчанец да оди во притвор, а акцијата продолжува и натаму за проверка за сите добиени информации. Претреси се прават во Скопје, охридско и струмичкиот регион.

Реклама

Инаку, согласно член 193 од Кривичниот законик, оној кој што произведува детска порнографија, со цел нејзина дистрибуција, или ја пренесува, ја нуди или на друг начин ја прави достапна ќе се казни со затвор од најмалку пет години. Тој пак кој набавува за себе или за друг детска порнографија, ќе добие од пет до осум годони. А ако двете дела се сторени преку компјутерски систем или друго средство за масовна комуникација, предвиден е затвор од најмалку осум години.