Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Битиќи: Владата нема капацитет за реализација на капитални инвестиции

Ова е потрошувачки Буџет затоа што 90% од буџетот е наменен за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова е потрошувачки Буџет затоа што 90% од буџетот е наменен за тековните расходи а само 10% се за капитални инвестиции кои треба да се двигатели на развојот, направен е преседан со намалување на капиталните инвестиции, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, a соопшти СДСМ.

„Ако оваа година, 2025-та, која е чиста година на владеачкото мнозинство, покажа дека има капацитет за 50 отсто спроведување на капиталните расходи, тоа значи дека овие 10 отсто ќе останат 5 отсто на крај на годината во 2026. Толку е капацитетот. И ако 90 отсто отидат во тековни расхови, затоа што таму не можеш да не ги трошиш, оти на секој први ќе дојде некој, ќе тропа и ќе рече „треба да се плати ова, сакал ти или не сакал“. Прашањето е за пет години од денеска каде ќе бидеме“, рече Битиќи.

Загрижува тоа што во тековната година има само 48% реализација на капиталните инвестиции, но вистинското прашање е зошто ги нема толку озборуваните проекти, додаде тој. 

Реклама

„Дури и направивме меморандум за соработка со Велика Британија во која што ќе ни отворат финансиска рамка од 6 милијарди, а тоа се да не заборавиме проектите во здравство, клинички центар Штип и Скопје. За нив се се издвоени само 3,5 милиони денари“, рече Битиќи.

Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер за еконоски прашања додаде дека со оваа власт задолжувањето на граѓаните и на државата оди во опасна насока, дека власта се обудува тоа да го прикрива и запраша дали се ова реални проекции во буџетот?

Пршање е дали ова е вистина предлог буџет за 2026 или е предбуџет за 2026, увертира во реалниот буџет кој што ќе ни стигне на сите на маса во април – мај или јуни, рече Битиќи. „Дали бројките за проекциите за следната година се вистинити? Дали дефицитот на буџетот е вистина 3,5% или 7% или е многу повисок? Дали во проекциите за јавниот долг во 2026 навистина ќе бидат под 60% или вистинскиот јавен долг ќе биде над 70%? Затоа што ако задолжувањето од 1,9 милијарди дојде веќе наредната година во април- мај не може да се скриете дека тоа не е дел од јавниот долг во нашата држава. А 1,9 милијарди на проценет бруто домашен производ е 12%. Владата може да купува време, да не го пријави одеднаш задолжувањето за коридорот 10 од 1,9 милијарди евра, но во 2028 ќе има буџетска дупка од две милијарди, која ќе ја плаќаат нашите деца.“  рече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи.

„Прашањето е за пет години од денеска кај ќе бидеме. При носењето на одлуката за линеарното зголемување на пензии во собранието укажав дека не можете буџетскиот дефицит во ПИОМ од 31% да го зголемите на 48% и да кажете ништо не се случува во државата. Морате на пензионерите, морате на сите млади, морате на сите генерации да им кажете дека зафаќањето којшто го правите со линеарното зголемување наспроти усогласувањето методолошки предвидено коешто на крај на денот ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите а не само линеарно за сите, цената е дека за три години пензискиот фонд ќе биде неодржлив, истакна пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, коментирајќи го предложениот Буџет од страна на власта.

Тој нагласи дека владата не прави никакви реформи туку на сметка на тоа се трупаат партиски вработувања.

„Ако не направите вистински реформи во јавната администрација и упорно јавната администрација се трупа со нови партиски кадри, еве власта треба да одговори колкав е бројот на новата администрација во овие 18 месеци? Ако не ја кажат ќе ја кажува опозицијата колкава е цената за плаќање на партиските војници и каде тоа води. Клучот и одговорот е во реформската агенда, реформите што треба да се превземат, за да имаме одржлив буџет наредните години и во суштина држава којшто може да се справи со последиците, рече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи.