Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Битиќи: Состојбите денес и во 2016 година не се разликуваат, недовербата во институциите е иста

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во дебатната емисија „Топ тема“ на „Телма“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во дебатната емисија „Топ тема“ на „Телма“ истакна дека состојбите денес и во 2016 година, за време на валдеењето на Груевски, не се разликуваат, се наведува во соопштението од СДСМ.

– Да се постави тема за пржинската влада на лидерската средба, мора да се има предвид контекстот во кој таа беше воведена, во период кога довербата во институциите беше на најниско можно ниво, за време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. И тогаш и сега состојбите не се разликуваат – рече Битиќи.

Тој посочи дека во изминатите 18 месеци државата помина изборни процеси што не придонесоа градење доверба во институциите, особено поради инженерингот што беше забележан на локалните избори. 

Реклама

– Имаме сериозни злоупотреби во секторите како социјалата, земјоделството и внатрешните работи, како и еден од најголемите корупциски скандали во поновата историја на државата, поврзана со Платежната агенција (и ИПАРД). Во сектор во кој е фатен главниот човек за корупција се предлага укинување на механизмите за контрола пред избори. Затоа сметам дека има доволно аргументи за нашите ставови за техничката влада – истакна Битиќи.