Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Економија

Бислимовски: Цената на струјата ќе се зголеми до најмногу 1%

Просечната цена на струјата по Нова Година нема да се зголеми за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната цена на струјата по Нова Година нема да се зголеми за повеќе од 1% – ова е проценката на првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Откако Регулаторна на денешниот состанок ја намали цената на мрежарината за 7%, која учествува со 38% во крајната цена, а ЕСМ во четвртокот на тендер му понуди на универзалниот снабдувач 62 евра за мегаватчас, што е пораст за 3,33%, сега на ред е ЕВН Хоум кој треба да ја формира финалната цена за граѓаните под надзор на комисијата.

„Во крајната цена на електричната енергија уделот на мрежарината е 38 отсто. Имајќи во предвид дека веќе ја знаеме и цената која што ја пријави и ЕСМ на тендерот на универзалниот снабдувач, која што изнесува 62 евра за мегават час, јас не очекувам покачувањето на електричната енергија на просечната цена за домаќинствата да биде поголемо од еден процент“ – вели Марко Бислимовски – Регулаторна комисија за енергетика.

Регулаторната комисија за енергетика на пролет ќе одлучува дали да се воведе еден дополнителен час евтина дневна тарифа. Сегашните проценки се дека цените на берзите се најниски во периодот од 12 до 16 часот. Македонија е единствена држава во регионот која има евтина тарифа на струјата во текот на денот.

Реклама

„Анализите на цената во октомври на ХУПЕКС покажаа дека цената е најниска од 12 до 16 часот а највисока од 20 до 24 часот. Имајќи ги предвид навиките на нашите домаќинства, одлучивме да ја оставиме состојбата таква каква што е до пролет па потоа ќе носиме одлуки. Македонија е единствена земја во регионот со евтина тарифа во текот на денот“ – вели Марко Бислимовски – Регулаторна комисија за енергетика

Новата цена на струјата која ќе важи во првите 6 месеци од 2025-та година, ќе се знае до крајот на декември. Премиерот Мицкоски во повеќе наврати напомена дека е можно минимално поскапување во првите два потрошувачки блока и до 3% повисоки сметки во 3-тиот и 4-тиот блок за оние кои трошат повеќе. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека ценовната стабилност на струјата е најважна, а во иднина треба да се подобри и финансиската состојба на државните електрани кои мораат да го зголемат производството и можат да продаваат повеќе струја по повисоки цени на слободниот пазар. Во 2025-та , се очекува за 100% поголемо производство од фотоволтаици, а пробна дозвола за работа треба да добие и новиот ветерен парк.