Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

На маргините на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија, кое се одржува од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На маргините на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија, кое се одржува од 15 до 19 април 2026 година во Истанбул, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари билатерални средби со претставници на парламенти и меѓународни организации.

На средбата со претседателот на парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, и двајцата изразиле задоволство од позитивниот развој на билатералните односи и ја нагласија заедничката подготвеност за продлабочување на парламентарната соработка, размена на искуства во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на демократските институции и владеењето на правото.

Била истакната и важноста на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси како можност за натамошен дијалог. Претседателот Папуашвили му упатил покана на претседателот Гаши да го посети Тбилиси во тој период.

Реклама

Претседателот Гаши го посетил седиштето на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК), каде што имал средба со генералниот секретар Асаф Хаџиев. Двајцата соговорници ја потврдиле посветеноста на Македонија кон активното учество во ПАБСЕК. Тие разменија мислења за можностите за поактивно вклучување на националните парламенти во регионалната соработка, особено во областа на економската поврзаност, инфраструктурниот развој и енергетската безбедност.

Претседателот Гаши се сретнал и со претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, Ахмед бин Мухамед ал Џарван. На средбата била потврдена посветеноста на двете страни кон соработката предвидена со меморандумот за соработка потпишан во ноември 2025 година во Скопје. Претседателот Гаши ја истакнал улогата на Македонија во промовирањето на толеранцијата како секојдневна вредност.

Сите средби се одвивале во конструктивна и пријателска атмосфера. Претседателот Гаши повторно ја потврди посветеноста на Собранието на Македонија кон активната парламентарна дипломатија и зајакнувањето на меѓународната соработка.