Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Билатерална средба Хоџа – Пацоли во Истанбул

Во рамки на 5-тиот Меѓународен форум за води во Истанбул, министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на 5-тиот Меѓународен форум за води во Истанбул, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари билатерална средба со министерката за животна средина на Република Косово, Фиторе Пацоли.

На средбата, како што соопшти МЖСПП, било разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на заштитата на животната средина и управувањето со водните ресурси, како и за заеднички пристап кон регионалните предизвици поврзани со климатските промени.

Двете страни ја истакнале важноста на имплементацијата на европските стандарди и размената на искуства од тој процес.

Реклама

-Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на соработката во наредниот период, преку заеднички иницијативи и проекти кои ќе придонесат за одржливо управување со природните ресурси и заштита на животната средина во регионот, се наведува во соопштението.