Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Биљал контра Касами: По средбата со Мицкоски

Од контроверзна изјава – до политичка корекција. Изјавата на Билал Касами за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од контроверзна изјава – до политичка корекција. Изјавата на Билал Касами за можна заемна поддршка со ДУИ во вториот круг на локалните избори ги разбуди етничките тензии и предизвика реакции – не само од јавноста, туку и внатре во владејачката коалиција. Но, по неколку дена и средба со премиерот Христијан Мицкоски, нарацијата на Касами драстично се смени. Тој сега тврди дека бил погрешно разбран, а повикот за поддршка на Дехари бил, како што вели, изваден од контекст. Аналитичарот Александар Ристевски за Алфа вели изјавата која ја имал Касами, првенствено, била апсолутно несоодветна и доста ги поларизирала состојбите.

„Сметам дека како општество и како држава воопшто не треба да навлегуваме во тој тип на тематика, каде што задираме на етнички поделби, поготово во мешаните средини.
Второ, исклучително е битно во средини како што се и Кичево, и како што е Тетово, како што е Брвеница, Струга, градот Скопје и останатите, во ниеден случај да не се повикуваме на поделување на етнички, верски или каква форма на делби. Со оглед дека е тој дел од една по голема коалиција, повеќе од логично е дека доколку истата во која е, не ја поддржува, во најмала рака што може да направи, е да ги повика гласачите да гласаат по свој избор или воопшто да ги бојкотира изборите, но апсолутно беше непримерно и тој, како и кандидатот за градоначалник во Брвеница, да повикување на некаква форма на етничко гласање“, изјави Александар Ристевски, политички аналитичар.

Покрај ретерирањето  Касами сега дури се дистанцира од кандидатот на ДУИ во Кичево, Фатмир Дехари, нарекувајќи го „најслаб кандидат“ кој, како што рече, не направил ништо за граѓаните. Со таа наративна промена, Вреди се обидува да ја врати рамнотежата во кампањата, а Касами, и како градоначалник на мултиетничка општина и како владин партнер, испраќа побалансирана реторика.

Реклама

Ристевки за Алфа вели – средбата со Мицкоски, на Касами му ги отворила очите.

„Дефинитивно. И тој и добар дел од критичната јавност, но пред сè премиерот апсолутно влијаеше и претпоставувам дека е и разговарано и дека е кажано дека на тој начин не може да се функционира, затоа што е тоа форма и на предавство интерно внатре во самата коалициска влада“, изјави Александар Ристевски, политички аналитичар.

Вреди сега се обидува да ја врати рамнотежата во кампањата, додека Мицкоски испраќа сигнал дека коалициската дисциплина и мултиетничкиот карактер на државата се црвени линии, од кои отстапување нема.