Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Лажни полицајци се јавуваат кај стари лица и велат дека членови на нивните семејства усмртиле деца

Расте бројот на дрски измами за кои повеќе пати пишувавме изминатиов период.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на дрски измами за кои повеќе пати пишувавме изминатиов период. Измамници се претставуваат како полицајци, се јавуваат кај стари лица на кои им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни несреќи во кои усмртиле деца.

Потоа следува барање на парични средства со образложение дека ќе направат лицето да не лежи во затвор.

Измамниците се јавуваат кај постари лица со истата приказна. Како знаат кога старите луѓе се сами дома и дека баш во тој момент не можат да стапат во контакт со членовите на нивното семејство, останува да утврди полицијата. Како што дознаваме, еден од утринските обиди од стар човек да се изнудат пари со лажна пријава дека неговата ќерка згазила дете, беше неуспешен поради вмешување на друг член на семејството кој дознава за случајот и веднаш пријавува во полиција.

Реклама

Полицискиот билтен изминатиов подолг период често е полн со вакви случаи. Голем број на граѓани наседнаа на измамите и останаа без целата своја заштеда, а некои и се задолжиле.

Сторителот, лажно претставувајќи се како сведок или службено лице, им ветува дека за одредена сума на пари може да помогне наводниот учесник во сообраќајната незгода да не оди во затвор. Има и такви случаи кога измамниците ги доведуваат во заблуда оштетените дека телефонски разговараат наводно со сопственото дете, кое со вознемирен глас им кажува да прават тоа што се бара од нив.

-Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица, која е најчесто телефонска, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, да ги проверуваат податоците пред да станат жртви на измама, да не им даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192. Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на пријавените сторители на измами, велат од МВР.