Реклама

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Македонија

Библиотеката во Богданци воведе електронско пребарување книги преку таблет

– Градската библиотека во состав на Домот на култура „Бранд Петрушев“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Градската библиотека во состав на Домот на култура „Бранд Петрушев“ во Богданци воведе нов начин на пребарување книги, со кој читателите самостојно преку таблет можат да проверуваат дали насловот што го бараат е достапен за позајмување.

Новината е воведена со цел да се олесни услугата за корисниците, но и да им се помогне на вработените, кои поради намалениот број на кадар имаат зголемен обем на обврски. Наместо вработените рачно да ги пребаруваат насловите, читателите можат сами да го внесат името на книгата и да ја проверат нејзината достапност, по што вработените ја издаваат книгата.

Директорот на установата, Бранко Сапламаев, и неговиот колега Трајче Тодоровски, велат дека процесот на дигитализација на библиотеката бил во тек, но не бил завршен, па затоа Тодоровски ги завршил сите потребни обуки во Националната и универзитетска библиотека со што го довршиле внесувањето на насловите со кои располага библиотеката во Богданци.

Реклама

– Ние сме членки на COBISS системот кој претставува кооперативен он-лајн библиографски систем и сервис, така што во таа насока кон создавање модерна библиотека, преземавме храбри чекори, имплементирајќи модерни хардверски и софтверски решенија. Сега електронското пребарување се врши преку таблет, тоа е новина за сите, но не е ништо сложено. Им објаснуваме на посетителите дека системот е едноставен за користење, само се впишува името на насловот и сами го вршат пребарувањето, а потоа ние им ја издаваме книгата. Мислам дека сме првите со вакво самостојно пребарување на книги, иако не можам да тврдам со сигурност – вели Сапламаев.

Библиотеката моментално располага со околу 16.000 наслови од кои 14.000 се обработени, а содржи вкупно 37.000 примероци. Одговорните велат дека листата се ажурира секојдневно со нови наслови, а од минатата недела сите задолжителни лектири, согласно новиот список на лектири на Министерството за образование и наука, за учениците од второ до деветто одделение, се достапни за позајмување, додека изборните лектири кои недостасуваат во библиотеката се во фаза на набавка.

– Имаме одлична соработка со читателите, секогаш сме во координација со нивните потреби, тие ни предложуваат наслови кои ние потоа се трудиме да ги набавиме. Исто така даваат предлози и за книги и автори кои би можеле да ги промовираме тука во Богданци. Во рамки на библиотеката финкционира книжевен клуб, со 20 до 30 редовни членови, кои се состануваат еднаш месечно и обработуваат книги – вели Сапламаев и додава дека во моментот имаат регистрирани околу 270 корисници.

Според Тодоровски, до крајот на годината во план е да се отвори и детски книжевен клуб, бидејќи располагаат со информации за тоа кои деца се љубители на книги и почесто од другите доаѓаат да ги користат библиотечните услуги.

Меѓу најчитаните се бестселерите, а библиотеката ја посетуваат читатели од различни возрасти – од средношколци до пензионери. Особено активни се двајца редовни читатели, 20-годишник и 70-годишник, при што постариот досега има позајмено околу 500 книги.

Библиотеката во Богданци организира и средби со македонски автори. Досега гостувале Дарко Лешоски, Моника Игевска Ризова и Јадранка Клисарова, а до крајот на годината се најавени уште две книжевни гостувања.