Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Безброј неисполнети ветувања на Заев

Заев повторно со стари ветувања пред граѓаните. Вчера рече дека ако направат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев повторно со стари ветувања пред граѓаните. Вчера рече дека ако направат нова владата, ќе ја намалеле јавната администрација, ќе укинеле министерства, ќе бореле со криминалот…низа ветувања кои се веќе чуени, но не и целосно исполнети.

Лидерот на СДСМ кој беше на чело на владата 3 години, со неговите сопартијци и во минатото најавуваа намалување на јавната администрација, па ќе ги префрлаа во приватен сектор, вработените по Рамковен ќе оделе на работа, но речиси ништо од тоа не бидна.

Како што ветивме , никој од јавната администрација нема да биде избркан, освен доколку не го прекршил законот, но сите ќе мораат да бидат ставени во функција на граѓаните, истакна Дамјан Манчевски – министер за јавна администрација (11.06.2017)

Реклама

Неколку години подоцна Заев пак рече ја намалиле бројката на државни службеници.. 

Кога станав премиер бројката беше 165 илјади, во моментов е меѓу 148 или 149 илјади. Таа иако се пополнува на потребните места, сепак не се пополнува со таква динамика, колку што се води сметка за нејзиното намалување, рече Заев. ( 19.04.2019 )

Заев вчера пак кажа дека ќе ја намалеле бројката на министерства во Македонија, ако формираат влада.

Еден од приоритетите ќе биде и сериозната реформа во администрацијата и нејзиното намалување за 20 проценти, помалиот број на министри, односно кратење ќе има кај министрите без ресор, вели Заев.

СДСМ за претходните парламентарни избори ветуваше помалку минситерски кабинети, но откако дојдоа на власт ветувањето не го реализираа. Но не заборавија да ги критикуваат своите претходници, дека имале повеќе министерства  по глава на жител отколку Гереманија.

Македонија е убедлив негативен рекордер, 26 министри – и да се два милиона (население н.з.) што не се, на 81.000 луѓе во државата имате по еден министер. Ако ја погледнете Гeрманија на пет милини луѓе – еден, ако проверите Естонија, еве земји блиски по големина со Македонија – Латвија, Естонија, ќе видите 90, 100, 150 илјади (граѓани на еден министер н.з.). Тоа сметаме дека мора да се промени. Бројот на министри во Владата на СДСМ нема да надмине повеќе од 20 и ќе гледаме тој број да се намалува,  рече  Радмила Шекеринска  од  СДСМ (07.10.2015)

Ќе ги исполни ли Заев ветувањата ако направи влада, или пак ќе бидат дел од најавувани,но не исполнети проекти?