Без вода денеска ќе останат жителите на скопската улица „Димитрие Чуповски“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
– Поради дефект на затворач ф-80 мм на „Димитрие Чуповски“ 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот – додаваат од претпријатието.

