Поради изведување на водоводен приклучок ф150 мм на улица Коста Новаковиќ бб (Детска градинка Срничка), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Ангел Димовски, дел од Коста Новаковиќ и Владимир Комаров.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека прекинот на водоснабдување ќе биде од 09:15 часот до завршување со санација на дефектот.
