Реклама
Прилози

Без храброст за соочување се расфрлаат со директни напади и кривични пријави: СДСМ се канети во Алфа, ама не сакаат да дојдат, денеска добија нова покана

На телефон лично, на мејл, на сите можни начини и за сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На телефон лично, на мејл, на сите можни начини и за сите можни поводи и прилики била упатувана покана, но во ТВ Алфа да дојдат се охрабриле само неколкумина претставници на СДСМ. И не станува збор за период од недела, месец, година, туку повеќе од деценија. Ги каневме поранешните премиери, министри, пратеници, луѓе со високи партиски позиции, но епилогот секогаш беше ист, одговорите кои ги бараат граѓаните, пред камерата на Алфа ги немаше.

Откако партискиот лидер Венко Филипче влезе со директен удар кон нашата телевизија, па дури и поднесена беше неоснована кривична пријава за наводно перење пари и сомнително финансирање, телевизијата сака да добие одговори, зошто без никакви докази се обидуваат да го нарушат угледот на Алфа. Решивме покана до партискиот лидер да испратиме преку шефот на ПР тимот на СДСМ, Александар Поповски.

-Ти се јавувам во име на телевизијата, од редакцијата сакаме во било кое издание, дали емисија, дали вести да поканиме некој од раководството на партијата или најубаво лидерот на партијата Венко Филипче, околу најновите случувања и некои други прашања, дали би прифатиле гостување во Алфа?, гласеше прашањето кое го поставивме до Поповски.

Реклама

Одговорот кој што го добивме од партијата ПР тимот на СДСМ е дека Венко Филипче во моментов не бил во државата, ќе се врател во текот на утрешниот ден, по што ќе бил консултиран, вакви одговори Алфа телевизија има добивано и многу пати во минатото, високите функционери на СДСМ одбиваат гостување во нашиот медиум.

Последен пат со нивното присуствpo не удостоија за време на кампањата за локалните избори, но само двајца кандидати на СДСМ. Еден од нив Влатко Митовски, кој трчаше за Гази Баба.

-Во студиото својата програма и директно и отворено на пред се вашите прашања, ќе одговара кандидатот за градоначалник од СДСМ на Гази Баба…. Се шегуваа со мене колегите во смисла на тоа дали снег ќе ни падне, заради тоа што човек на СДСМ доаѓа во Алфа, кажа во најавата нашата колешка Искра Коровешовска.

Вториот Перо Костадинов, кој имаше дебата со својот ривал за Валандово, Перо Камчев.

-Велам добро вечер за Перо Костадинов, кандидат за градоначалник веќе и за трет мандат од коалицијата која што е предводена од СДСМ. И велам уште една добро вечер за Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник од коалицијата предовдена од ВМРО-ДПМНЕ, кажа во најавата нашата колешка Анастасија Илиевска.

Канети беа и други, но не дојдоа.

-Вечерва требаше да биде гостин и Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на општина Центар на СДСМ, уредно го поканивме, вчера контактирав со неговиот ПР тим, одговорот беше дека најверојатно нема да дојде, да се случи токму тоа, Герасимовски за жал не е тука, кажа во најавата нашиот колега Љупчо Цветановски.

Директно пред камери, гостување на Алфа уште пред шест години одби и поранешниот премиер, блискиот пријател на Венко Филипче, Зоран Заев, кој тогаш и во заканувачки тон кажа дека се воделе истраги против телевизијата, од кои власта предводена токму од него, не успеа да најде никаква неправилност во работењето.

-Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто, изјави Заев на 5-ти март 2020-та. Посебно во моментот каде што според мене се прави сериозна истрага, порача Заев запрашан за гостување во Алфа телевизија, изјави Заев на петти март 2020-та.

Покрај тоа што не прифаќаат гостувања на Алфа, СДСМ со години немале ниту една реклама ниту во кампањите за избори, иако парите за рекламирањето во тој дел доаѓаат од буџетот на државата, а не од приватните партиски сметки.

Матеја Петровски