Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Бесплатно тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции

Од денеска до 30 мај во рамки на Европската пролетна недела на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска до 30 мај во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ тестирање, во организација на Асоцијација за здравствена едукација – ХЕРА, ќе се одржи бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции (СПИ). Тестирањето ќе се врши секој ден од 15.00 до 18.00 часот, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ на Водно.

ХИВ денес е контролирана здравствена состојба со достапната и ефективна терапија, важна е само навремената дијагноза. Доцната дијагноза е тивок ризик, нешто што може да се избегне со само еден мал чекор. Раното тестирање значи навремена и ефективна терапија, квалитетен и долг живот и нула ризик за пренос на ХИВ (кога луѓето со ХИВ се на терапија и вирусот е недетектибилен, тогаш ХИВ не се пренесува преку сексуален пат).

Дополнително, граѓаните може да се тестираат и за сифилис, гонореја и кламидија, со резултати готови за најмногу 30 минути. Тестирањето е анонимно, бесплатно и доверливо и се спроведува од обучени медицински лица и советувачи.

Реклама

Граѓаните можат да закажат термин со јавување во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно на телефонскиот број 02/3176 – 950, преку оналјн закажување или со посета на Младински центар „Сакам да знам“ на Водно на ул. Елисие Поповски Марко бр.2.

Тестирањето се одвива во пријателска и безбедна средина, каде освен здравствени услуги, граѓаните може да добијат и индивидуално советување за сексуално и репродуктивно здравје. Првиот чекор кон грижата за сопственото здравје започнува со информираност и навремено тестирање, посочуваат од ХЕРА.

Услугите се реализираат преку Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекцијата, поддржана од Министерството за здравство.

Европската недела на ХИВ тестирање е Европска иницијатива со цел зголемување на пристапот до тестирање за ХИВ и СПИ и подигнување на свеста за важноста на раната дијагноза, особено кај лицата кои се изложени на зголемен ризик.