Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Бесплатно паркирање во општина Центар за велигденските празници

Бесплатно ќе биде паркирањето на територија на општина Центар за време на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бесплатно ќе биде паркирањето на територија на општина Центар за време на велигденските празници.

– Паркирањето во општина Центар за време на велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 10 април – петок, 12 април – недела и 13 април – понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“. Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата – „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим – соопштија денеска од јавното претпријатие.

Согласно програмата за неработни денови за 2026 година, 11 април – сабота е работен ден и следствено на тоа, паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе работат со вообичаено работно време.

Реклама

– Депото на „пајак“ – службата на ЈП „ПОЦ“ ќе работи 24/7 за време на празниците. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП „ПОЦ“ ќе продолжи на 14 април – вторник со вообичаено работно време – информираа од јавното претпријатие.

Тимот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ им посакува убави велигденски празници на сите.