Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња во Кисела Вода

Општина Кисела Вода информира дека оваа година ќе додели бесплатни анатомски ранци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Кисела Вода информира дека оваа година ќе додели бесплатни анатомски ранци и училиштен прибор за сите првачиња запишани во основните училишта на нејзина територија.

Мерката ќе опфати околу 530 ученици во осумте општински основни училишта кои од септември тргнуваат во прво одделение. Обезбедениот пакет ги вклучува сите основни материјали, како ранец, тетратки и останат прибор неопходен за почетокот на наставата.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, нагласи дека примарната цел на овој проект е финансиско олеснување за семејствата пред почетокот на учебната година.

Реклама

-Првиот училишен ден е важен момент за децата и родителите, а нашата цел како Општина е тој да помине без дополнителен финансиски товар за семејниот буџет. Овој проект, кој како позитивен пример веќе се применува и во голем дел од другите општини, ја потврдува нашата континуирана заложба за директна поддршка на граѓаните. Затоа, апелирам до родителите на идните првачиња да не се изложуваат на трошоци и да не купуваат ранци и прибор. Сакам да нагласам дека за добивање на оваа поддршка не се потребни никакви критериуми, ниту дополнителни административни процедури, бидејќи мерката важи автоматски за сите запишани првачиња во општината, изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.