Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Бесплатен интернет на Градскиот плоштад во Куманово

Граѓаните и посетителите можат да се поврзат на бесплатна WI-FI мрежа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните и посетителите можат да се поврзат на бесплатна WI-FI мрежа на градскиот плоштад во Куманово, информираа денеска од општината.

-Wi – Fi мрежата е поставена во рамките на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од германската агенција за меѓународна соработка (GIZ), како дел од проектот EU4Digital, наведуваат од општината.

Со овој проект Куманово добива сеопфатен пакет што опфаќа опрема, инсталација, поврзување и одржување на Wi-Fi мрежа, обезбедувајќи и непосреден ефект и долгорочна одржливост. Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ државата и Западен Балкан. Куманово е една од општините кои ќе добијат WiFi4WB мрежа по примерот на EU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7000 локации низ државите-членки на Европската Унија.

Реклама

-Со оваа поддршка Општина Куманово продолжува да ги унапредува јавните услуги за граѓаните и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница, велат од општина Куманово.