Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Берово доби специјално противпожарно возило преку донација од Словенија

Системот за противпожарна заштита во Општина Берово е унапреден со специјално противпожарно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Системот за противпожарна заштита во Општина Берово е унапреден со специјално противпожарно возило, донирано од Доброволното противпожарно друштво Битње од Република Словенија. Донацијата денеска официјално беше примена во присуство на претставници од Територијалната противпожарна единица Берово.

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, истакна дека станува збор за донација од исклучително значење за подобрување на подготвеноста и ефикасноста при справување со пожари.

-Уверен сум дека возилото ќе овозможи поефикасно и побрзо справување со пожарите и ќе придонесе за поголема безбедност на нашите сограѓани, како и за заштита на нашите природни богатства – изјави Ружински.

Реклама

Тој упати посебна благодарност до пратеничката и сограѓанка Сандра Газинковска, нагласувајќи дека нејзината лична заложба имала клучна улога во реализацијата на донацијата и во поврзувањето на заедниците.

-Оваа донација е пример за хуманост и општествена одговорност и претставува продолжување на искреното пријателство и плодната соработка меѓу нашите општини, која во иднина ќе се продлабочува преку нови заеднички иницијативи и проекти од заемен интерес“, додаде градоначалникот Ружински.

 Благодарност градоначалникот на Берово упати и до неговиот колега од Општина Крањ, како и до претставниците на Доброволното противпожарно друштво Битње, за донацијата и за подготвеноста за соработка.