Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Берберот Али Февзи ја продолжува традицијата да носи „новогодишна магија“ – 500 пакетчиња радост за социјално загрозени дечиња

Од скромен берберски дуќан до место каде што се раѓаат насмевки и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од скромен берберски дуќан до место каде што се раѓаат насмевки и се сплотуваат срца – така се опишува салонот на берберот Али Февзи од скопската населба Аеродром. Во духот на новогодишните празници, Али веќе со години влегува во улогата на Дедо Мраз и им ја носи магијата на Новата година на децата од социјално загрозени семејства.

Со новогодишни пакетчиња, топол збор и искрена грижа, им овозможува барем за миг да ја почувствуваат радоста што празниците ја носат. Годинава, благодарение на донации од хумани граѓани и општествено одговорни компании, обезбедени се околу 500 новогодишни пакетчиња. Али Февзи вели дека оваа хуманитарна мисија ја започнал со јасна порака – радоста не смее да биде привилегија.

„Знам дека сега пред Нова Година е со делење на пакетчиња. До сега навистина многу хумани луѓе се пријавија. Земаат од плата и пензија даваат пари, а моќните луѓе ги чекаме – знам дека до крајот на годината ќе покажат хуманост и слух, ќе донираат барем по едно пакетче за децата затоа што видеовте и самите дека се пред дуќан. Има ранлива категорија на деца што не молат за пакетче. Денеска поделивме заедно со гопоѓа Елена и други хумани луѓе што се пријавија како волонтери скоро 400-500 пакетчиња пред дуќанот, тоа беше денеска гунгула“ вели Али Февзи, бербер

Берберот апелира ваквите иницијативи да прераснат во традиција и да се прошират низ целата земја. Според него, секој може да придонесе – без разлика дали донацијата е мала или голема, затоа што секоја помош значи искра радост во детските очи.

Реклама

„Имаше госпоѓа Соња која донираше пелени и влажни марамчиња. Имавме и тримесечно бебе – не можеше да остане дома, дојде со родителите. Тоа многу ме воодушеви. Од 2020 година наваму, од 300 пакетчиња стигнавме до 2.000. Досега имаме донирано над 1.000 пакетчиња, посетивме и деца со попреченост, каде што однесовме повеќе од 100 пакетчиња“ вели Али Февзи, бербер

Во акцијата „новогодишна магија“ десна рака на Али Февзи е Елена Андреевска, соработка со него започнала сосема случајно, а прераснала во силно хуманитарно партнерство. Нејзиното животно мото е дека хуманоста е заразна, во најпозитивната смисла на зборот.

„Имав една драга случка, така да кажам, кога одевме кон дневен центар и тие деца на кои им ондесовме пакетчиња, трчаа по мене и ми даваат некои работи кои што ги имале направено и нацртано. И толку беа благодарни за тоа што ние дојдовме таму, беа толку среќни. И кога им кажав дека пак ќе дојдеме да им донесеме она што им е потребно, тие почнаа да пејат, да рецитират песнички, и ги земав цртежите што ми ги подарија и ги ставив дома, онака ги закачив како најголема благодарница, како еден голем успех кој до сега го имам направено, тоа ми е онака како медал“ вели Елена Андреевска, помошничка од „Биди Али“

Берберскиот дуќан на Али Февзи крие и богата семејна историја. Занаетот го наследил од неговите татко и дедо, продолжувајќи традиција долга повеќе децении. Денес, освен како мајстор на ножиците и машинката, Али Февзи е препознатлив и како симбол на хуманост – човек кој од својот дуќан создаде место каде што празничниот дух живее во текот на целата година.

Давид Крстевски