Реклама

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Прилози

Беким Незири- „лошото момче“ во „дворецот“ на ДУИ и Али Ахмети

Лошото момче во дворецот на Али Ахмети. Според неговата сегашност и минато…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лошото момче во дворецот на Али Ахмети. Според неговата сегашност и минато вака можеме да го оцениме Бекир Незири, поранешниот министер за економија, сега шеф на чаирскиот огранок на ДУИ, човекот кој синоќа со лисици беше донесен во суд, па пуштен на слобода.

Скандалозниот напад на контролори на летање е само еден од серијата во кој е вклучен тој. Неговите скандалозни дејствија за кои пишуваа медиумите почнуваат уште во 2010-та година, кога беше еден од директорите токму во М НАВ. Тогаш турнал по скали контролор како инструктор бидејќи не сакал да му потпише дека поминал обука за контролор.

Медиумите објавуваа дека снимките од нападот биле избришани, а контролорот избркан од работа на барање на Незири, по што заминал во Норвешка. Овој инцидент го потвдил и тогашниот претседател на Управниот одбор на М НАВ, Живко Поповски. Инцидент Незири направил и при одлуката да биде разрешен контролорот.

Реклама

-Точно е тоа што сте го слушнале. Разговаравме за предлогот на Незири да биде разрешен еден од вработените. Јас се спротивставив, со забелешка дека тоа е добар работник, на што Незири ми рече дека тој одлучувал за неговите. Му реков дека безбедноста на летањето е неделива, нема наши и ваши. Продолжението го знаете, ме плисна со вода, кажал Поповски.

Беким Незири беше првиот и засега единствен од највисоките функционери на ДУИ, кој од министер на СДСМ беше поврзуван со криминал вреден 19 милиони евра. Тогаш Царовска објави дека ПИОМ, каде директор одреден период беше токму Незири, со години не ги уплаќал придонесите на илјадници осигуреници во вториот пензиски столб.

-На овие 12 илјади наши сограѓани, воопшто придонесите не биле префрлани кон вториот столб, иако од работодавачот придонесот бил уплаќан. Финансиските средства останувале во пензискиот систем, но во првиот столб, изјави Царовска.

Тогаш во одбрана на Незири веднаш застанаа од ДУИ. Несреќни биле зборовите на Царовска, според тогашниот вицепремиер за европски прашања, сега министер за надворешни работи, Бујар Османи.

-Јас морам тука да кажам дека вчера имаше несреќна изјава на министерката Царовска, која што отвори можност за спектакуларно, за спектакуларни шпекулации во однос на тоа што се случило по Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, за некаква можност за злоупотреба, изјави Османи

Одбраната за Незири ја имаше и вчера, сега од директорот на М НАВ, Фахрудин Хамиди. Делото за кое многумина правници велат дека може да се карактеризира како тероризам било кошкање меѓу двајца колеги.

-Но, се работи за конфликт меѓу двајца колеги кои што се знаат 20 години и заедно биле на школување. Кошкање има во секоја организација, има набој на енергија. Значи да се разбереме, не се сите на една страна или втора страна, изјави Хамиди.

Инаку, Незири важи за еден од најблиските соработници на Артан Груби, беше поставен за шеф на чаирскиот огранок на ДУИ, откако Изет Меџити ја формираше партиската фракција и подоцна реши да се раздели од ДУИ.

Матеја Петровски