Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

„Бараме пристојна плата за секоја работа“ – ССМ на протест по повод 1-ви Мај

„Бараме достоинствена плата“, „ Доста работиме за ѓеврек и вода“, Долу капиталот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Бараме достоинствена плата“, „ Доста работиме за ѓеврек и вода“, Долу капиталот, ослободување на трудот“. Со овие транспаренти синдикатите традиционално излегоа на протестен марш за Денот на трудот. Работниците протестираа пред законодавниот дом, Владата и стопанските комори. Барањата годинава се покачување на минималецот на 500 евра, зголемување на сите останати плати во државата за 100 евра и почитување на колективните договори. Им свртеа грб на пратениците, и како што рекоа револтирани од нивните привилегии и превисоки плати кои не ги заслужуваат, им порачаа „лебот ваш е од трудот наш“.

„Жалосно е да уживаат привилегии, 79% зголемени плати, трошоци за превоз поголеми од минималната плата, собраниско бифе поевтино од работничка менза, а да одбиваат да донесат измени и дополнувања на Законот за минимална плата, нејзино зголемување на 500 евра, за 100 евра зголемување на платите на останатите работници, да имаат право работниците како и пратениците на трошоци за превоз и трошоци за храна“ – вели Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Синдикатите беа особено гневни на работодавачите. Пред стопанските комори им порачаа на газдите дека работниците им го заработуваат лебот и недостоинствено е за пристојната работа да добиваат само трошки од профитот.

Реклама

Од пред Владата, порачаа дека без работници нема економија, развој , ниту иднина. Побараа од Владата да го следи примерот на владите во соседството кои ги покачија платите. Сметаат дека тоа е логичен чекор, кој ќе придонесе и за полнење на буџетот преку поголеми даноци и придонеси од работниците.

На крај, синдикатите им се заблагодарија на новинарите и снимателите кои го проследија нивниот протест, но и ги предупредија работодавачите, дека медиумските работници и сите кои денеска работат на празник, треба да добијат 250% празнична дневница.