Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

„Балансерот“ е укинат, ама тука е Талат Џафери: Ќе проверува колку Албанци се вработуваат по институциите

Талат Џафери во улога на балансер. Поранешниот собраниски спикер, како претседател на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талат Џафери во улога на балансер. Поранешниот собраниски спикер, како претседател на новоформираната комисија за правична застепеност во државните институции, ќе проверува дали власта вработува доволно Албанци. Уште од првата седница испорача барање до владата да му достави план колку етничките заедници се застапени во инстутуциите. И даде рок извештајот да му го достават за еден месец, односно до 15 декември.

  • „Мислам дека средина на декември е доволен временски период Владата да ги подготви сите податоци бидејќи се работи за статистика. Еден месец мислам дека е реално време да може Владата да ги реализира должностите кои што произлегуваат од овој предлог “ рече Џафери.

Инаку, Комисијата со која раководи Џафери ќе има задача до 31 јули следната година да изготви извештај дали новата влада во првите шест месеци од годината вработувала луѓе без да ги нарушат правата на помалите заедници во Македонија. Сличен извештај ќе подготви и за втората половина од годината.

Комисијата за следење на соодветната застапеност на сите етнички заедници во државниот апарат е составена од 12 членови – пратеници и таа е привремена. Според надлежности, новоформираното собраниско тело може да даде препораки, мислења и заклочоци кои ќе треба да се применат од страна на извршната власт. Ваква комисија почна со работа по барање на партијата на Али Ахмети, која го поддржа реструктуирањето на новата Влада. Интегративците се кренаа на нозе и за укинувањето на т.н. балансер од Уставниот суд, бидејќи така се кршеле правата на Албанците и другите етнички заедници, иако самите признаваа дека алатката се злоупотребува. За уставните судии вработувањата под „етнички клуч“ не беа уставни и ги прекршуваа основните човекови права, а власта најави законско решение кое ќе биде оценето и од Венецијанската комисија.