Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Бајовски: Поддршка, за Чучер Сандево конечно да стане модерна и достојна општина за живот за сите граѓани

Кандидатот за градоначалник на Општина Чучер Сандево од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Бајовски на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Чучер Сандево од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Бајовски на денешната средба со граѓаните истакна дека го прифатил предизвикот за кандидатура бидејќи, како што вели, за првпат Владата максимално се посвети во инвестирање во единиците на локална самоуправа, односно општините.

Според него парите се рамномерно распоредени по сите општини, без разлика од која политичка партија доаѓаат, дали се од власта или од опозицијата.

-Во Чучер Сандево, Владата со изминатиот повик додели два капитални проекти. Едниот во вредност од околу 44 милиони денари за пречистителна станица Кучевачка Бара, а вториот е за изградба на културен дом Сандево во вредност од 31 милион и 500 илјади денари. Вкупна сума околу милион и 230 илјади евра се одвоени од Владата на Република Македонија за Чучер Сандево.

Реклама

Но, морам да напоменам дека првиот повик го пропушти Општина Чучер Сандево. Не знаеме од кои причини. Затоа во иднина треба да се соработува на многу повисоко ново, на многу подобро ниво како со централната власт, но и со Градот Скопје во делот на меѓу општински соработки.

Бидејќи ние како општина ги користиме услугите на јавниот превоз од Град Скопје, ги користиме другите услуги од Град Скопје и треба да имаме соработка и со нив.

Затоа, ве повикувам сите да го поддржите кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, за конечно Чучер Сандево да стане модерна општина, која што ќе биде достојна за живот за сите граѓани на општина Чучер Сандево, нагласи Бајовски.